Земјоделството е во очајна состојба, а земјоделците осиромашуваат и се соочуваат со проблеми како никогаш досега.
Наместо министерот за земјоделство, Љупчо Николовски да ги решава проблемите на земјоделците тој се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има аплицирано за овој проект за набавка на нови возила уште во 2011 година.
Николовски под итно да го реши проблемот со откупот на зелката каде земјоделците очајно повикуваат за помош за справување со драстичниот пад на цената и намалувањето на откупот на пролетната зелка.
Министерот за земјоделство, Николовски наместо да се слика со наследени проекти и да дава небулозни изјави, самиот да излезе на лице место меѓу земјоделците, да види со каква мака се соочуваа тие и конечно да ги исполни ветувањата кои им ги даваше на земјоделците.
Ваквата состојба уште еднаш ја докажува неспособноста на Владата предводена од СДСМ да се справува со проблемите на земјоделците.
This piece was both insightful and entertaining! For additional info, visit: FIND OUT MORE. What do others think?