Македонија ги исполнува условите да почне преговори со Европската унија. Унгарија секогаш давала поддршка за Македонија да ги почне пристапните преговори за членство, но тоа е политичка одлука, изјави денеска унгарскиот амбасадор во Македонија, Иштван Ласло Дукс, на предавањето „Политиката на проширување на Европската унија од перспектива на Вишеградската четворка“, што се оддржа на Американ колеџ во Скопје.
– Процесот на пристапување во ЕУ е долготраен. На Хрватска и требаа седум години од отпочнувањето на преговори. Македонија веќе осум, девет години работи на исполнувањето на Копенхашките критериуми, и иако од политички причини не може да ги почне преговорите, се подготвува за тој процес, смета Ласло Дукс.
Според него, доколку земјата го реши проблемот со името, процесот на пристапување не би требало да претставува проблем.
– По парламентарните избори на 11 декември во 2016, Вишеградската четворка ја охрабрува Владата да продолжи да ги применува реформските приоритети и политички договори од 2015, за ЕК да може да го ја прошиири препораката за отворање преговори. Доколку тоа се случи, В4 ќе го поддржи стартот на пристапните преговори. Вишеградската група поддржува договорот за добрососедство со Бугарија, и надежите за напредок во разговорите со Грција околу прашањето за името, за да може Македонија и формално да пристапи во НАТО и ЕУ, нагласи Ласло Дукс.
Посочи дека Унијата сака да види што повеќе членки од Западен Балкан да се приклучат во неа до 2025 и таа перспектива е можна, но значајно е што и самата ЕУ се менува, има стотици нови правила и прописи што мора да се имплементираат, што не постоеја пред неколку години, што го отежнува самиот процес на пристапување.
Тој ги посочува реформите во судството, слободата и безбедноста, како и животната средина, како најтешки поглавја на преговори и доколку во нив има проблеми тоа може да ги закочи и другите преговарачки поглавја
This article provides some fascinating insights! I appreciate the depth and clarity of the information. It has sparked my curiosity, and I’d love to hear other perspectives on this. Feel free to check out my profile for more interesting discussions.