Делегацијата на Единствена Македонија ги започна официјалните разговори во рамките на петдневната посета на Москва.
Денес, петок, 13 април, беше остварена средба со г-ѓа Инга Јумашева, претседателката на Комитетот за надворешни работи на Државната Дума од пратеничката група на владеачката руска партија Единствена Русија.
На средбата, делегацијата на Единствена Македонија во името на македонскиот народ изрази голема благодарност за подршката од Русија за почитувањето на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста, исконското македонско име и идентитетот на Македонија и македонскот народ.
Притоа беа разгледани и конкретните чекори околу реализацијата на клучната определба на Единствена Македонија што подразбира стратешки сојуз со Русија и членство на Република Македонија во Евроазиската економска унија.
Наредните денови продолжуваат средбите и разговорите во Москва.
I thoroughly enjoyed this article. Its clear, concise, and thought-provoking. Anyone else have thoughts? Check out my profile!