РАКОМЕТНИТЕ СУДИИ СО ПОВИСОКИ ТАКСИ

Ракометните судии во иднина ќе добиваат повисоки парични средства отколку до сега. Имено, на седницата на УО на РФМ, една од точките на дневен ред беше и баерањето на судиите за зголемување на таксите.

-Нашите такси не се зголемени уште од 1992 година кога изнесуваа 100 марки, со мали корекции оттогаш од по 1000 денари. Ни сега не бараме преку леб погача, туку само нашиот труд да биде вреднуван достојно. За споредба, во Хрватска таксите за судиите се над 200 евра, а во Србија каде ракометот е паднат на најниско ниво таксите се 100 евра – изјави Ѓорѓи Начевски во името на Судискиот одбор.

УО одговори позитивно на барањето на судиите, изгласа корекција на правилникот, а разликата од сегашните такси до новата цена ќе ја покрива РФМ, за да не бидат клубовите дополнително оптоварени со давачки.

Тоа значи дека судиите во машката Суперлига во редовниот дел од првенството ќе земаат по 4000 денари по натпревар, а во плеј офот по 5000. За плеј аут таксите изнесуваат 3000 денари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *