ЃОКОВИЌ ГО ОТПУШТИ СТЕПАНЕК

Откако пред извесно време ја раскина соработката со својот прв тренер, Андре Агаси, српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го “отпушти” и неговиот помошник, Радек Степанек. Наскоро според неговите зборови, ќе биде објавено кои тренери ќе го сочинуваат неговиот стручен штаб.

Намерата на Ѓоковиќ е да се врати на врвот на светскиот тенис.

-Новак останува фокусиран на напредокот и има желба да се врати посилен и поодлучен по долгата пауза поради повреда која влијаеше на неговата самодоверба и на самата игра. Новак константно  страствено бара нови начини е да ја врати победничката форма – се вели во соопштението на стручниот тим на Ѓоковиќ, упатено до медиумите.

Се очекува србинот да се појави на турнирот во Монте Карло, кој почнува на 14. април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *