Трофејниот македонски фудбалски стручњак, Ѓоре Јовановски е назначен за прв човек на стручниот штаб на Работнички. По оставката која ја поднесе Горан Станковски, управата на клубот на чекаше премногу, па изборот падна на веќе прооверениот Јовановски, кому ова му е трети пат како доаѓа во овој клуб.
-Средината ми е позната, фудбалерите исто така. Мислам дека со мало зголемување на самодовербата кај играчите можеме да ја постигнеме целта, а тоа е излез во фудбалска европа. Верувам во фудбалерите и мислам дека целта не е недостижна- изјави Јовановски.
Инаку, Јовановски во два наврата беше и шампион на Македонија со Работнички, а имаше и забележителни настапи во ЛШ, кога дојде до последната фаза од квалификациите за групната фаза.
I enjoyed the wit in this article! For more on this, visit: READ MORE. What do others think?