ЕПАРХИИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО АВСТРАЛИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ“ НА СЛАВЕ КАТИН

МПЦ-ОА што дејствува во Австралија, има своја Епархија уште од времето кога митрополитот г. Кирил беше надлежен архиереј за Американско-канадаско-автралиската епархија, како значајно духовно и културно просветно тело. Таа ги штити, ги организира и ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на македонските доселеници од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода.

Епархијата обезбедува услови за сѐ поголема афирмација на целокупното културно наследство и современиот напредок на македонскиот народ. Тоа е потврдено и од австралиската влада, која Македонците ги смета за одделен народ со свој национален идентитет и со заслуги за културниот развој и претставува жив мост за пријателските односи меѓу Македонија и Австралија.

Според делото на авторот на овие редови „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД”, „Нова Македонија” 1991 година, Австралиско-македонската црковна епархија е формирана со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонсктие доселеници во Австралија со Татковината и со Црквата.

Во почетокот беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска-австралиска црковна епархија, кога во 1969 година, за прв архиереј на заедничката епархија беше избран митрополитот г. Кирил. Од есента 1981 година, за архиереј на Австралиската епархија е избран митрополитот г. Тимотеј. Во 1995 година, пак, за надлежен архиереј за Австралиската епархија беше избран митрополитот Петар.

Меѓутоа, судските процеси кои, за жал, се водеа дваесеттина години и се водат, во аналите на Македонската православна црква, Охридска архиепископија ќе останат како црна дамка во црковното живеење не само на црквата „Света Петка” од Сиднеј, туку и на десетина други македонски православни цркви кои оставија свој белег за црковното живеење на Македонците на петтиот континент.

Такквата состојбата се измени со формирањето на Сиднејско-австралиската епархија на Македонската православна црква, Охридска Архиепископија, а проблемот се реши на 18 февруари 2016 година. Тогаш, Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, го одобри регистрирањето на Македонска православна епархија како правно лице во Австралија, со седиште во Сиднеј.

Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА реши да го прифати Статутот на новата епархија во Австралиско-новозеландската епархија со што ќе се помогне да се врати мирот кај верниците. На ваквата одлука и’ претходеа долгогодишни конфронтации меѓу дел од црковните општини и митрополитот Петар, на кого одбиваа да му ги препишат имотните тапии. Со нив сега ќе управуваат избраните управи, но ќе бидат под канонска јурисдикција на МПЦ-ОА.

Со ова Одлука се очекува да престанат долгогошишните несогласувања  и „судски распетија”, особено на црквата „Света Петка”, а членките на Здружението на македонските заедници во Австралија сметаат дека со тоа ќе  ги заштити самоуправните надлежности на локалните македонски православни заедници врз своите храмови и други имоти, а притоа да останат во духовно единство со Светиот Синод на МПЦ-ОА, во согласност со взаемно прифатените правила и законите и регулативите кои важат за други непрофитни организации кои се регистрирани како правни лица во демократска Австралија.

Според делото на авторот на овие редови „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“, „Нова Македонија“ 1991 година, Австралиско-македонската црковна епархија е формирана со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонсктие доселеници во Австралија со Татковината и со Црквата. Во почетокот беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска – австралиска црковна епархија, кога во 1969 година, за прв архиереј на заедничката епархија беше избран митрополитот г. Кирил.

Од есента 1981 година, за архиереј на австралиската епархија е избран митрополитот г. Тимотеј, во која меѓу другите, потпретседатели биле познатите исленици: Васил Мојанов, Ристо Алтин, Коста Радин, Ванчо Неделковски и други. Од 1995 година, надлежен архиереј за Австралиската епархија беше избран митрополитот Петар, (денес, и за жал или за среќа во Австралија има две епахии: Австралиско-новозеландска и Сиднејско- австралиска епархија).

Седиштето на Австралиската епархија се наоѓа во Мелбурн во државата Викторија, каде што постојано има архиерејски заменик. Меѓу нив биле тогашниот повардарски митрополит Михаил, кој потоа беше поглавар на Македонската православна црква; а потоа свештениците Методија Лазаревски и Ѓорѓија Кацарски, Раде Атанасовски, Спасе Стефановски, и многу други кои заедно со членовите на црковните општини играат огромна улога во афирмирањето на црквата и нацијата.

Епархијата обезбедува услови за сѐ поголема афирмација на целокупното културно наследство и современиот напредок на македонскиот народ. Тоа е потврдено и од австралиската влада, која Македонците ги смета за одделен народ со свој национален идентитет и со големи заслуги за културниот развој и на другите народи и претставува жив мост за пријателските односи меѓу Македонија и Австралија.

Инаку, Австралиско-македонската црковна епархија, треба да одржува епархиски собранија секоја втора година. Првото епархиско собрание се одржа во 1971 година. Епархиските собранија ги сочинуваат претседателите на црковните општини заедно со свештениците, потоа се избира епархиски управен одбор, како и други одбори и комисии кои ја кординираат работата на епархијата. Австралиската епархија ја сочинуваат сите црковни општини, цркви и манастири преку кои Македонците излегоа од тесните рамки на дејствување и се афирмирани како важна етничка група со богат општествено-црковен живот.

Тие не се повеќе онаа аморфна маса на луѓе без национален идентитет од кој под притисок или од заблуда, или од нечиј интерес, и во Австралија од Македонците правеа „Грци“, „Бугари“ или „Срби“. Напротив, денес Македонците во Австралија, а и пред светската јавност, со гордост ја истакнуваат својата македонска припадност.

Уште повеќе, благодарение на улогата на македонските општини, цркви и манастири, и позитивно ориентираното македонско свештенство, македонсктие иселеници во рамките на Австралиско-македонската епархија, со голем ентузијазам и полет ги одржуваат црковните и народните традиции, фолклорот, јазикот, обичаите, минатото и сегашноста на нивната татковина Македонија.

При тоа, македонската црква е мошне ценета од австралиското општество, пред сѐ, заради резултатите што македонските иселеници ги достигнуваат во работата, а и заради нивниот однос и висок степен на лојалност кон новата татковина – демократска мултикултурна Австралија.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *