ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АРХИЕРЕЈ МИТРОПОЛИТОТ Г. КИРИЛ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Митрополитот г. Кирил потекнува од благородно христијанско, православно семејство Поповски, кое ова презиме го добило, бидејќи со векови било посветено на Бога и на Црквата. Се запишал во Призренската богословија и како одличен ученик и, со од Бога даруваниот убав глас бил примен во 1951 година, а во 1956 година се здобил со диплома за завршено петгодишно Богословско училиште. На Благовештение (7 април 1964 година) Никола се замонашил во манастирот „Света Богородица – Пречиста“ кај Кичево.

Според моногравското дело „Митрополитот Кирил“, што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, во издание на Полошко-кумановската епархија и Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, од авторот на овие редови Славе Катин, неговото високопреосвештенство, митрополитот полошко-кумановски господин Кирил (Никола Поповски), беше архиереј по хиротонија во составот на македонскиот православен епископат.

Тој беше и потписник на историската Одлука на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква (од 1967 година) за возобновување на целосната духовна и канонска автокефалност на Охридската архиепископија.

Митрополитот г. Кирил е роден на 23.07.1934 година во Царев Двор, Преспанско. Основно образование завршил со одличен успех во своето родно место, во основното училиште „Браќа Миладиновци” чиј директор тогаш бил Гога Прцуловски. Богословија учел во Призрен, а студирал во Русија и Македонија.

Митрополитот г. Кирил потекнува од благородно христијанско, православно семејство Поповски, кое ова презиме го добило, бидејќи со векови било посветено на Бога и на Црквата. Неговите предци повеќе од 300 години наназад ќе иʼ посветат на македонската Црква и на македонскиот народ триесет и двајца свои потомци во свештенички чин. Тоа во него уште повеќе ја поттикнало љубовта кон Бога и желбата да се посвети на Божјата наука, наместо школувањето да го продолжи во некоја од воените школи, што, исто така, било во план.

Митрополитот г. Кирил живо се сеќаваше на неговиот дедо Ицо Ристовски и баба му Вања по потекло од Царев Двор. Биле благородни старци, чии спомени од детството длабоко се всадиле во сеќавањата на Кирил. Тие имале седум деца: Тренка, Круме, Кире, Геле, Мила, Томе и Бојан, таткото на митрополитот г. Кирил. Неговиот татко Бојан, за своја животна сопатничка ја избрал личната мома Македонка Милица, со која доживеале заедно и прославиле 50 среќни брачни години.

Лешочкиот манастир „Св. Атанасиј“

Им се родиле и израснале осум деца: Наум, Љуба, Драган, Никола (митрополитот Кирил), Живко, Киме, Виктор и Ванча. И не случајно ќе го чуете коментарот дека семејството Поповски, не е само едно од оние од највредните, туку и едно од поголемите фамилијарни заедници во Преспанско. Родителите на митрополитот г. Кирил биле и меѓу повидните домаќини, познати и запаметени по нивната трудољубивост, чесност и со голема посветеност кон најблиските..

Од мал, како четврто дете, меѓу осумте рожби на Милица и на Бојан Поповски, токму покрај топлото родно огниште, Никола ќе расте со типично македонско благородно извориште на православната вера, чија света традиција ќе му го осмисли и осветли животот. Овде за него, покрај богосознанието од тврдокорните верници, меѓу кои растеше, а подоцна и од древните богослужбени текстови, зачувани од прадедовските поколенија, благородно ќе му претставува и оној здрав, изворен, македонски патриотизам кај неговите родители, дедовци, баби и други роднини, со кои бил опкружен.

Уште од детските дни ќе го почувствува мирисот на темјанот во убавата црква во Царев Двор, посветена на свети Никола. Одејќи секојдневно во основното училиште, кое се наоѓа во близина на овој храм, младиот Никола често се навраќал во него и останувал таму понесен од восхитот на фрескоживописот и иконите околу него. Уште оттогаш неговиот живот веќе бил предодреден.

Митрополитот г. Кирил не информира дека од поголемиот број пријавени кандидати на приемниот испит за запишување во Призренската богословија, што се одржал во просториите на Скопската митрополија, како одличен ученик и, со од Бога даруваниот убав глас бил примен во 1951 година, заедно со уште малкумина други кандидати, меѓу кои и Александар Цандовски.

На приемот се јавиле царевдворците Љубин и Владе Поповски. Тоа е првата повоена генерација од Македонија, која се здобива со богословска наобразба во траење од пет години во споменатото училиште. Еден период Никола минува низ многу тешки животни искушенија, бидејќи во времето кога се школувал, честопати се пропагирало дека верата е опиум за луѓето. Но, не покорно опстојувал. Во 1956 година се здобил со диплома за завршено петгодишно Богословско училиште. По Богословијата, Никола ја завршува воената обврска во Сремска Митровица која траела две и пол години.

По враќањето во 1962 година, младиот богослов почнува да работи во Скопската митрополија. Во Скопје го доживува катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година кога, заедно со теологот Александар Цандовски и д-р Славко Димевски вложиле максимални напори за спасување на архивската документација на Македонската архиепископија, која била пренесена во резиденцијата на тогашниот поглавар на Македонската православна црква (МПЦ) архиепископот охридски и македонски, господин господин Доситеј.

На Благовештение (7 април 1964 година) Никола се замонашил во манастирот „Света Богородица – Пречиста“ кај Кичево, и со радост го примил името на македонскиот рамноапостол Кирил Солунски. Притоа, од страна на неговото блаженство, архиепископот г.г. Доситеј, беше ракоположен во чин ероѓакон, а само по кратко време и унапреден во архиѓаконски чин.

На 10 август 1969 година, во катедралниот храм „Свети Климент Охридски Чудотворец“ – во Торонто, со величествени свечености беше извршено востоличување на митрополитот Кирил во епископ на Американско-канадско-австралиската-македонска православна епархија. Тоа го изврши неговото високопреосвештенство митрополитот дебарско-кичевски г. Методиј. 

Тоа е датум кога всушност започна познанството и соработката со митрополитот Кирил со авторот на овие текстови Славе Катин. Потоа во 1971 година, во МПЦ е востановена и Полошко – кумановската епархија, на која митрополитот Кирил беше избран за нејзин администратор со сите права и должности кои произлегуваат од Уставот на МПЦ.

Под неговото архипастирско раководство во двете епархии беа изградени, реновирани и преуредени повеќе стотина храмови на МПЦ. Меѓутоа, црковно-духовните и националните постигања, особено на планот на обединувањето на Македонците, од сите делови на етничка Македонија, кои живеат и работат во прекуокеанските земји, се од непроценливо значење.

Сите тие резултати придонесоа митрополитот г. Кирил во 1972 година да биде поставен за претседателна Одборот за новиот архиепископски храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, како и изградбата на 25 станови во Тетово и Куманово. Потоа е избран за претседател на Одборот за извршување на првото мироварение по возобновувањето на автокефалноста на Македонската света црква.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *