СОРАБОТКА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД СИТЕ ДЕЛОВИ НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА НА ЦРКОВНО – НАЦИОНАЛНО ПОЛЕ (13)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Пред да се организира црковниот живот, венчавките и крштевките се вршеа и се заведуваа во протоколите на туѓите цркви и, секако, не од родители со потекло од Македонија и Македонци. Тие беа заведувани како Бугари, Грци, Срби и друго. Македонските православни црковни општини и културно-просветните центри за Македонците во прекуокеанските земји претставувале и денес се нивна лична карта за нивна препознатливост и афирмација на црковно-духовен, национален и културно-просветен план.

До почнувањето со организиран црковно-духовен и културно-просветен живот, штедрите даренија од Македонецот се слевале во касите на другите цркви кои, за жал, биле употребувани за вршење асимилаторска дејност врз Македонците и на тие далечни простори од Македонија.

Митрополитот г. Кирил има речено дека новото раѓање на МПЦ, Македонците го доживеаја како ново и целосно ослободување, зашто и покрај постоењето на слободната Република Македонија, ако немавме наша македонска црква, Македонците во светот сеʼ уште ќе беа под духовно ропство преку дејствувањето на ненародните балкански цркви, свештеници и архиереи и до денес нивната однародувачка политика немаше да престане.

Ако не беа МПЦ-ОА и Република Македонија, ние, денес, многу малку ќе можевме да зборуваме за успешно црковно-духовно и културно-просветно организирано дејствување во прекуокеанскиот свет. Тоа е од фактот што грчките, српските и бугарските цркви беа порано организирани во тој свет па ги присвојуваа Македонците како нивни пред тамошните фактори. Меѓутоа, преку успешната дејност на македонските црковни општини, се успеа македонските етнички групи да добијат рамноправен третман со сите други етнички групи.

Веднаш по Црковно-народниот собор во Охрид од 1958 година, а особено по Соборот од 1967 година, до раководството на МПЦ многу позасилено почнаа да пристигнуваат голем број честитки со целосна поддршка на значајните историски оживотворувачки настани за Македонската света црква и со многу барања за формирање бројни македонски црковни општини. Тие почнаа да се претвораат во најсилното оружје против сите оние кои посегаа по светоста, името и достоинството на народот наш македонски.

Македонците од сите делови на поделена Македонија во иселеништвото, градејќи го грандиозното црковно-духовно и културно-просветно сенародно македонско дело, се изградуваат, се интегрираат и стануваат чесни, трудољубиви, лојални граѓани на нивните нови татковини. Но, притоа не заборавајќи да си останат горди и верни синови и ќерки на Македонија и на својата мајка – Светиклиментовата македонска православна црква. Со севкупните богати активности тие се трудат да станат, а и се, вистински мост на искрено пријателство и соработка меѓу земјите во кои живеат и родната татковина Македонија

Црквата „Света Софија“ во Охрид

Со објавувањето на поголем број продолженија од монографијата „Митрополитот Кирил“ што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, на 350 страници, а во издание на Полошко-кумановската епархија и Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, од авторот на овие редови, Славе Катин, целта е читателите на Веб порталот „Македонска нација“ да ги запознаеме со дел од вистината за првиот надлежен архиереј на Македонската православна црква – ОА во иселеништвото, за Австралија, САД и Канада, митрополитот г. Кирил. Да ги запознаеме читателите – како митрополитот г. Кирил отвори една нова страница во историјата, духовното и националното живеење на Македонците во Република Македонија и во прекуокеанските земји.

Така, во монографијата се вели дека периодот од обновата на автокефалноста на нашата Света црква сред македонското иселеништво почна да се доживува како време на целосно зреење и сознавање на црковната и националната патриотска свест. Започна да јакне целосната верба и доверба за слободно живеење и творење бидејќи се скина превезот за целосно ослободување од доминацијата на Српската православна црква (СПЦ) врз црковно-духовното слободно живеење на Македонците во татковината и насекаде по светот.

Уште во почетокот животот и работата на секоја црковна општина почна да се определува со правилници кои се темелат врз Уставот на автокефалната МПЦ-ОА, а сообразени со позитивните закони на соодветната земја, а црковните општини преку епархиските органи и тела, врз паритетна основа, се застапени во Архиепископскиот црковно-народен собор. Затоа, црковните општини во дијаспората станаа жив и нераскинлив дел од севкупниот организам на Македонската православна црква.

Зпоред зборовите на митрополитот г. Кирил со тоа се потврди целовитоста и единството на автокефалната МПЦ-ОА во татковината и во дијаспората. Целосната победа над туѓите аспирации и однародувачки пропаганди на северноамериканскиот континент беше извојувана на 12 септември 1981 година со извршената официјална регистрација на Американско-канадската православна епархија во градот Албани, во државата Њујорк, како и со помош на богатите активности на Црквата, општините и на културно-просветните центри, координирани преку Епархијата на МПЦ-ОА.

Македонците од сите делови на поделена Македонија во иселеништвото, градејќи го грандиозното црковно-духовно и културно-просветно сенародно македонско дело, се изградуваат, се интегрираат и стануваат чесни, трудољубиви, лојални граѓани на нивните нови татковини. Но, притоа не заборавајќи да си останат горди и верни синови и ќерки на Македонија и на својата мајка – Светиклиментовата македонска православна црква. Со севкупните богати активности тие се трудат да станат, а и се, вистински мост на искрено пријателство и соработка меѓу земјите во кои живеат и родната татковина Македонија.

Треба да се нагласи дека вистинската црковно-духовна, национална и кутлурно-просветна преобразба на Македонецот во САД, Канада и во Австралија, како и во Европската Унија и во други земји во светот се манифестира со оживотворувањето на МПЦ.

Она што се случи во иселеништвото од шеесеттите години на XX век, кога на 7 август 1960 година е осветена првата црква надвор од границите на Македонија, а во чест на Илинден, црквата „Св. Ѓорѓи” во Мелбурн (Австралија); и на 14 јули 1963 година, во чест на празникот Петровден, е евангелисана и првата македонска црква „Св. Петар и Павле” во Гери, Индијана, како и она што продолжува да се случува и денес – е своевиден предизвик за уште поголеми истражувања во Македонија и во дијаспората.

Според зборовите на митрополитот г. Кирил, навистина ние Македонците имаме потенцијални научни сили кои ќе умеат уште подлабоко и посеопфатно да навлезат во порите на историските вистини, нивните искушенија, крсни распнувања и беспоштедни саможртвени подвизи, со единствени цели преку светоста и дејноста на Цркватаи верата своја да ја зачуваат и македонската национална свест и вечност.

Притоа, македонските црковни општини и културно-просветни центри стануваат најголемите вистински средишта за македонските чеда од сите краишта на Македонија. Во нивното четири и пол децениско живеење и творење постигнати се импресивни резултати во црковно-духовниот, културно-просветниот, спортскиот и социјалниот живот.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

429 thoughts on “СОРАБОТКА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД СИТЕ ДЕЛОВИ НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА НА ЦРКОВНО – НАЦИОНАЛНО ПОЛЕ (13)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *