Во организација на владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП) денеска во Скопје ќе се одржи состанок на министрите за европски прашања на земјите-учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) 2024, во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со оваа регионална организација.
Како што соопшти СЕП, домаќин на средбата на министрите за европски прашања на ПСЈИЕ е првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ.
Северна Македонија го презеде претседавањето со Иницијативата на 1 јули лани од Црна Гора.
Мотото на претседателството е „Премостување поделби, градење доверба“, со вклучување на приоритетите за помирувањето, регионалната соработка и забрзување на евроатлантските интеграции.
ПСЈИЕ е основан 1996 година, и претставува најсеопфатен формат во регионот со оглед дека ги вклучува сите 13 држави од ЈИЕ: Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Молдавија, Словенија и Косово.
I like this site it’s a master piece! Glad I noticed this ohttps://69v.topn google.Leadership