Велигденска честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов по повод празникот Христово воскресение – Велигден, што в недела (1 април) го слават граѓаните со католичка вероисповед, денеска упати велигденска честитка.

– Секоја година христијаните се собираат празнувајќи го врвот не само на литургиската, туку и на црковната година, а тоа е празникот на Христовото воскресение. На Велигден празнувањето и настанот што претставува средба во верата, го поддржуваме токму тој пламен на верата во вечниот живот. Христовото воскресение и вознесението на Марија се докази со кои Бог ни го навестува новото небо и новата земја со кој господари човекот кој на земјата животот го минал правејќи добро.

Велигден е празник на обнова на верата и тоа верата во добриот Бог и среќниот човек. Верата не нè оддалечува, туку нè доближува до човекот кој е повикан на живот во целина исполнет со среќа и блаженство. Деновите на Велигденското празнување за сите, а особено за нас верниците се денови на будење на одговорноста да станеме активни учесници во сите подрачја и да настојуваме секој човек уште тука да чекори по патот на животот достоен за човекот. Не прифаќаме понижување на телото, обесчестување на телото, убивање на телото, туку се залагаме за достоинство на човечкото тело, што не е принцип на двојност на човековата природа, зашто човекот е единствен во духот, душата и телото. И само во оваа хармонија човекот ја живее својата полнота.

Посакувам на сите нам празнувањето на Христовото воскресение да ја обнови нашата вера во достоинството на вистинскиот човек, човекот во неговата целина и на сите вам Ви посакам патување во животот што не завршува во бездна, туку во новата реалност на вечниот живот. Христос воскресе!,  се вели во велигденската честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.

 

One thought on “Велигденска честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *