Актуелниот претседател Стево Пендаровски и професорката Гордана Силјановска Давкова викендов и официјално добија партиска поддршка за кандидатурите за претседател на државата, но и од граѓаните, откако ги собраа потребните 10 000 потписи. Седум кандидати за претседател на државата досега се потврдени со граѓански потписи, а постапката продолжува за уште четворица и ќе заврши на 8 март на полноќ.
СДСМ вчера информираше дека во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот на државата Стево Пендаровски. Поддршката за Пендаровски владејачката партија синоќа ја потврди и на Конгрес. И опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така објави дека од 08.00 до 12.00 часот се собрани 12 000 потписи за нивната кандидатка за претседател Силјановска Давкова, за која завчера одржаа и конвенција за поддршка.
Широкиот фронт на поддршка не е само чест, туку и обврска за посветена, чесна и храбра кампања и извојување на нова победа, порача Пендаровски, откако на Конгресот на СДСМ доби поддршка за нов претседателски мандат.
Тој оцени дека се лажни анкетите што ги прикажува ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека вистинските покажуваат дека СДСМ и Пендаровски ќе ги добијат претстојните и парламентарни и претседателски избори.
-Реалните анкети што тие не ги даваат во јавноста се дека тие се паднати под 45 пратеника, а ние сме над 50. Не е воопшто случајно денешниот резултат на СДСМ во собирањето на потписите. Трендовите од пред извесно време се променети, рече Пендаровски.
Упати критики до ВМРО-ДПМНЕ дека нема став за клучните прашања на државата, како што е преговарачката рамка за ЕУ, и оцени дека ја направила најголемата страшека грешка во историјата со бојкотот на пописот.
-Немојте да имате никаков страв, тоа се луѓе кои немаат никави квалитети, имаат само една желба да дојдат на власт и да останат во фотелји. Тоа не смееме да го дозволиме, рече Пендаровски.
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, пак, порача дека Пендаровски има јасна визија за просперитет на државата и за нејзина интеграција во Европската Унија.
-Во досегашниот мандат покажа што значи да се биде претседател за сите.Во неговиот прв мандат земјата стана членка на Алијансата, а сега е време за наредниот чекор, во вториот мандат на Пендаровски да станеме членки на ЕУ, рече Ковачевски.
На претстојните претседателски и парламентарни избори, нагласи, имаме само една шанса да го избереме правецот на државата, дали ќе продолжиме напред кон ЕУ или ќе се вратиме назад во изолација.
-ДПМНЕ нуди само кризи, реваншизам и изолација, да бидеме заглавени нови изгубени години, статус-кво, без промени, без напредок, без иднина. СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина, посочи Ковачевски.
Пораки за изборни победи и вчера упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Очекувам убедлива победа во првиот круг со предност поголема од 100.000 гласови во однос на второпласираниот Стево Пендаровски, изјави Мицкоски откако се потпиша за кандидатурата на Силјановска – Давкова.
Според него, поддршката од граѓаните со над 15 000 потписи собрани вчера само од 8 до 12 часот, е силен индикатор дека граѓаните се одлучни за промени.
Потребните 10 000 потписи досега ги обезбедија лидерот на „ЗНАМ“ Максим Димитриевски, актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи кој е кандидат на ДУИ, претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски, Билјана Ванковска, кандидат на Левица, како и Арбен Таравари од коалицијата на албанската опозиција „Вреди“.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори почнува на 4 април, а за парламентарните на 18 април. Во тек е увидот во избирачкиот список.
plhsnt
casibom giris: casibom – casibom guncel giris
casibom
farmacia online barata y fiable: farmacias online seguras – farmacia online espaГ±a envГo internacional
farmacias direct: gran farmacia online – farmacias online baratas
farmacias online seguras: farmacia online barcelona – farmacias direct
migliori farmacie online 2024: Farmacia online piu conveniente – top farmacia online
farmacia online piГ№ conveniente: Ibuprofene 600 generico prezzo – farmacia online piГ№ conveniente
cheap neurontin online: neurontin 300 mg pill – neurontin 800
how much is prednisone 10 mg: prednisone tablets – prednisone 10 tablet
rybelsus generic: rybelsus cost – Buy semaglutide pills
canadapharmacyonline legit: Canadian Pharmacy – canadian pharmacy prices
mexican rx online: mexican pharma – mexican mail order pharmacies