Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика пратениците од сите политички партии да го поддржат законското решение предложено од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со кое ќе се продолжи важноста на личните карти и пасошите, по примерот на тоа со возачките дозволи.
Според Мицкоски, единствено во Парламентот може да се стави крај на, како што рече, да не бидеме притвореници во овие 26 илјади квадратни километри и ги повика пратениците да донесат законски измени, исто како за возачките дозволи.
– Апелирам до пратениците, без разлика од која политичка партија доаѓаат да ја поддржат иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и истото да го направат и за личните карти и за пасошите, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Кавадарци.
Мицкоски, исто така, посочи дека во моментот има околу 1,1 милион граѓани кои треба да извадат нови пасоши, а има две машини со дневен капацитет од 120 патни исправи.
– Како сакате во идеални услови да работат, без никаков дефект и навремено обезбедени обрасци, потребни се повеќе од две години за да биде потребата задоволена, изјави Мицкоски.
Според Мицкоски, вистинското прашање е зошто ова се случи и кој е виновен.
– Благодарение на навремената реакција на техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски… се донесе законската измена во експресна процедура и барем возачите во Македонија нема да плаќаат казни, затоа што некој ги остави на цедило, затоа што некој навреме не обезбеди тие да можат да ги заменат возачките дозволи, изјави Мицкоски.
wssk0m