Писмена реакција за ставот на Алексис Ципрас

Почитувани,

 

Во врска со ставот на Грчкиот Премиер Алексис Ципрас, кој од Солун порача дека без промена на Уставот нема одржливо решение, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Дали Владата на Зоран Заев и Никола Димитров ги слуша и чита пораките на Алексис Ципрас?

 

Грчкиот Премиер вели дека не значи дека влегуваат во преговорите за да постигнат било какво решение. Тврди дека не се под никаков меѓународен притисок. Инсистира на Уставни измени кои ќе го исклучат од нив замислениот Македонски иредентизам. Смета на нови попусти од Македонска страна бидејќи за нас тоа било прашање на опстанок. Поинаку кажано, официјална Атина под решение подразбира само прифаќање на нивните уцени и ништо друго. Тие си замислиле дека ќе не фатат на кондиција и на крај ќе бидеме принудени да прифатиме се’ што ќе ни испорачаат.

 

Македонскиот народ има право да знае со кои позиции Димитров отпатува за Виена? Кога конечно ќе разбереме дека Грчките уцени до Македонскиот народ да прифати ново име и идентитет во суштина се барања за да спорот за името НЕ СЕ РЕШИ! После прекршувањето на Времената Спогодба од нивна страна што е верификувано со пресуда на Судот во Хаг, кои се гаранциите дека Ципрас и Коsијас воопшто можат да го спроведат тоа што евентуално ќе го договорат. Кај се осудена земја која не почитува меѓународно право па згора на тоа тие бараат Уставни измени како гаранција. Кога ќе бидеме информирани дали и што воопшто бара Македонската страна во преговорите? Има ли план Б? Бидејќи Македонија и нејзината иднина не се ничија приватна сопственост за да нејзе одлучуваат партии и коалиции!

ПРЕСУДАТА НА ХАШКИОТ СУД МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ! БАРАМЕ МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ДА ВАЖИ ЗА СИТЕ!

 

Бараме времен прекин на преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што Македонија во согласност со важечката Времена Спогодба веднаш ќе добие покана за полноправно членство во НАТО Алијансата. Само таква национална позиција може да биде логичен одговор и соодветен реципрочен чекор за уцените и барањата од Грчка страна да се обезличиме. Македонија треба вечно да попушта, а Грција секојдневно измислува нови барања. Доста е!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,  

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *