Искуството ни покажа дека обединети можеме да го изодиме вистинскиот пат и да се постигнат сите цели, базирани на вредности и принципи. Денес е друго време, денес не е време на поделби, денес е време на заедништво. Проевропската владина коалиција на која се темели и новата Влада, покажа и докажа дека има и политичка волја и човечки капацитети да одговори на сите предизвици и одговорности. Организиравме и неколку изборни цисклуси оценети и дома и од меѓународната заедница како слободни фер и демократски и знам дека така ќе биде и на претстојните избори, истакна на денешната заедничка прес конференција по примопредавање на функцијата досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски со претседателот на преодната Влада, Талат Џафери.
-Со досегашната и идната работа, во 2030 година Северна Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Сето ова следува по остварената повеќедецениска стратешка цел – членството во НАТО со која обезбедивме мир и стабилност и сигурна иднина за нашите деца. Денес сме препознаени како фактор на стабилност во регионот. Проевропската владина коалиција на која се темели и новата Влада, покажа и докажа дека има и политичка волја и човечки капацитети да одговори на сите предизвици и одговорности. Воедно покажавме политичка зрелост и докажавме коалициски капацитети кои се неопходнио за една Влада да биде стабилна и функционална. Организиравме и неколку изборни цисклуси оценети и дома и од меѓународната заедница како слободни фер и демократски и знам дека така ќе биде и на претстојните избори, рече Ковачевски.
Тој подвлече дека денес е време за меѓусебна поддршка за заедничка работа, како и за државен одоговор колку брзо ќе се движиме кон ЕУ.
-Искуството ни покажа дека обединети можеме да го изодиме правиот и вистинскиот пат и да се постигнат сите цели, базирани на вредности и принципи. Денес е друго време, денес не е време на поделби, денес е време на заедништво, денес е подобро време, време во кое се слушаат аргументите, време во кое заробеното минато е историја, кога никој не треба да шепоти и да се крие за да го каже своет мислење,. Денес е време во кое како никогаш досега се зависи од нас самите, дома, бидејќи обезбедивме многу пријатели и сојузници во регионот и светот. Денес е време за оптимизам, вербв и за самодоверба. Денес е време за меѓусебна поддршка за заедничка работа, за државен одоговор, а не за дали туку колку брзо ќе се движиме кон ЕУ. Европската коалиција и во оваа Влада ќе биде столб на европската сегашност и на европската иднина на сите граѓани. Во тоа име и дадовме рака и бараме поддршка од сите прогресивни сили за да се продолжи на тој европски пат за да биде подобро за сите, а пред се младите и идни генерации, нагласи Ковачевски.
Заблагодарувајќи се за досегашната поддршкака од неговиот кабинет на министри во неговиот мандат од две години и речиси еден месец, му посака среќа и успех на новиот претседател на Владата за успешно справување со предизвиците.
Премиерот на преодната Влада Талат Џафери порача дека со Ковачевски се согласиле за примарните прашања кои ќе бидат во фокусот на Владата која ќе ја предводи – Уставот и законите ќе бидат основа на која ќе ја базира секоја одлука на Владата, и ќе продолжи со успешно спороведување на политиките на владината коалиција.
-Несомнено дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни и фер демократски избори во директна отворена и законита процедура и соработка со Собранието на избоприте. Затоа Владата ќе ги спроведе сите законски предуслови со Мисијата на ОБСЕ, ОДИХР, со ДИК, ЕУ и САД ќе ги споведе сите горенаведени оперативни предуслови со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во изборната кампања и самите избори со цел да се одржат избори со целосен легитимитет на изборната волја на граѓаните, рече Џафери.
Тој најави одржување и унапредување на стартешкото партнерство со ЕУ, НАТО и САД, како стартешки цели поддржани од независноста на државата, а особено во актуелниот геостратешки момент.
-За Владата одржувањето и промовирањето на партнерството на РСМ во рамките на НАТО сојузот и останувањето доследен на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ немаат друга алтернатива. ЕУ интеграцијата и исполнувањето на обврските кои произлегуваат од започнатите преговори и од билатералниот скрининг, како патоказ за реформите во јавната администрација и поглавјето за владеење на правото со акзискиот план и изготвување на патоказите за функционирањето на демократските изнтитуции се исто така восоко на агендата на Владата, вели меѓу другото Џафери.
Тој уверува дека преодната Влада ќе работи транспаретно и отечно во интерес и благосостојба на граѓаните.
-Без оглед колку ќе трае оваа Влада ве уверувам дека во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање, соработка и инклузивност во работата на Владата обезбедувајќи секој сегмент и Министерство да бидат транспарентни, отчетни и над се ефикасни во служба на граѓаните. Ние може да бидеме од различни провиненции во овој владин состав, но има нешто што не се менува, ние сме таму благодарени на вас, вашиот легитимитет и штитење на вашите интереси, создавање на благосостојба на граѓаните, рече Џафери.
Fantastic insights! Your perspective is very refreshing. For more details on this topic, visit: EXPLORE FURTHER. What do others think?