Синдикатот на германските машиновозачи (ГДЛ) денеска го продолжи штрајкот на работниците, кој влегува во третиот ден, и го прошири од патнички до товарен.
Државната железничка компанија Дојче Бан соопшти дека само околу 20 отсто од нејзините возови функционираат, а приградските возови во градовите како Берлин се во застој.
Германските машиновозачи бараат намалување на работното време и зголемување на платите.
Дојче бан им понуди на работниците пофлексибилно работно време во замена за пониски плати, но штрајкот продолжи.
Германскиот министер за транспорт Фолкер Визинг ги повика двете страни да се вратат на преговарачката маса.
Сепак, шефот на синдикатот Клаус Веселски рече дека Дојче Бан мора да даде подобра понуда.
Проблем во сообраќајот направија и тековните протести на земјоделците, поттикнати од најавеното намалување на субвенциите.
This article really captured my attention. The writing style was engaging. Id love to hear more opinions. Click on my nickname for more discussions!