Георги (ЏОРЏ) Томов ИМАШЕ ГОЛЕМА почит КОН македонската древна култура (5)

Дел од МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Македонија во 1014 година била погодена со една од најтешките трагедии, потешка од чумите што беснееле во 1104, 1348, 1501, 1541, 1689 година, тогаш се случила една од најѕверските одмазди кога Василиј II, по битката на Беласица ослепел 14.000 Самоилови војници поради што и Самуил умрел од жал за своите борци.

Македонија била во грч. Се случиле многу делби, буни и востанија кои биле предводени од Петар Делјан, Ѓорѓи Војтех, Добромир Хрст, Добромир Стрез и други. Македонија била првата земја што се судрила со Муратовите аскери (војски) при нивниот пробив  кон Европа. Битката на Косово во 1378 година во која учествувале и Македонци, Карпошовото востание 1689 година и најпосле Илинденското востание 1903 година. Во меѓувреме имала уште помали и поголеми востанија и буни.

И на крајот во Народно-ослободителната борба и на Заседанието на АСНОМ во Св. Прохор Пчињски, во 1944 година, каде што Македонија била прогласена за Народна Република Македонија“.

Што всушност е Македонија и какви се нејзините специфики што ја прават светско духовно средиште? Зошто Македонија толку пати е делена па денес да има само една третина од териториите и зошто Македонија толку е позната по светот?“

Ова беа само дел од прашањата кои сценски ги постави и сценски ги бараше одговорите. Односно, за духовното живеење на Македонија во Милениумскиот ораториум во Хамилтон, “Ние сме Македонија”, Георги (Џорџ)Томов се претстави со својот уметнички дел насловен како “Македонија е библиска земја. Во него, меѓу другото се вели се вели:

„Двемилениумската почит кон свети апостол Павле, заради неговите големи заслуги во ширењето на христијанството во Македонија, опишано и кодифицирано во Светото писмо – Библијата, со право придонело Македонија да се нарекува библиска земја, а Македонците библиски народ. Македонија и Македонците станале првите христијанизирани луѓе во тогашна многубожечка Европа.

Она што го започнал големиот Александар Македонски на културен и политички план, сега повторно апостол Павле, согласно Светото писмо, го реализира на религиозно-културно и цивилизациско поле, преку Македонија и Македонците.

Евангелистот Лука потенцира дека на Христовиот апостол Павле кој преку ноќта имал видение дека пред него стоел Македонец, кој го молел и му велел: премини во Македонија и помогни ни! По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија бидејќи разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евангелието“, Томов наглави воуметнички дел насловен како “Македонија е библиска земја“.

За духовното живеење на Македонија во Милениумскиот ораториум во Хамилтон, “Ние сме Македонија”, Георги (Џорџ) Томов се претстави со свој уметнички дел насловен како “Македонија е библиска земја”. Во него, меѓу другото беше речено дека првата средба на апостолот Павле со Македонија и Македонците се остварила во градот Филипи, градот кој го втемелил Филип II, македонски крал и татко на големиот Александар Македонски

Исто така, во уметнички дел насловен како “Македонија е библиска земја кој беше претставен на пригоден начин на 26-от Црковно-народен собир  на Американско-канадската-македонска епархија на МПЦ, што се одржа во Хамилтон, Канада, во септември 2000 година беше нагласено:

Господинот Георги (Џорџ)Томов рече дека градот Филипи се наоѓал три часа пат од Егејското Море. Истиот бил средиште на жива културна, религиозна и трговска дејност. Откако кралот Филип Македонски го проширил и утврдил градот почнал да го носи името Филипи во чест на овој познат македонски цар.

Согласно со Божјиот повик, тогаш со пристигнувањето на апостолот Павле во Филипи и развивањето на неговата мисионерска активност во Македонија, христијанството почнало да се шири и на Запад. Изборот на Македонија и Македонците во идните два века се покажал вистински како Божји повик.

Првата личност што го прифатила христијанството била Македонката Лидија како што сведочи Светото писмо каде пишува:

„Излеговме надвор од градот при една река каде што имаа обичај да се молат и една жена богубојазлива од градот Тиатир, по име Лидија, која што продавала црвени ткаенини, слушаше и Господ и го отвори срцето да внимава на она што зборуваше Павле“.

А кога се покрсти таа и нејзините домашни рекла::“Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа.

2ka44

                                                             Покрстување во Филипи

 Во нејзиниот дом тие останале во текот на целиот свој престој во Филипи. Тука тие го проповедале новото учење, разговарале со новопокрстените. Така, се родила првата христијанска парохија во Европа. Ваквата улога на христијанската општина во Филипи подоцна ќе биде истакнувана од самиот Павле, којшто ќе посочи дека тие прераснале во верата толку многу за да може самиот  да рече:

 Живејте само достојно на Христовото евангелие, стојте во еден дух, борејќи се еднодушно за евангелиската вера”.

Томов пренесе дека апостолот Павле ги чувствувал христијаните од Филипи како свои и меѓу нив се чувствувал целосно заштитен, како што подоцна во своите посланија ќе посочи и ќе искаже искрена благодарност за чистотата на нивната вера, добросрдечноста, гостопримството и нивната грижа за него.

Продолжува

 Пишува СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *