ИЗЛАГАЊЕТО НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ НА ФОРМИРАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА (6)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Роден сум и пораснат през најбурните и револуционерни времиња на нашиот македонски народ. Роден сум на 15 декември 1901 година во селото Д’мбени, Костурско, то е во југозападна Македонија.

Македонија во минатото создаде многу народни Македонци, кои обичае својот народ и жртвуваа свичко што може, многу жртвувае даже и својот живот за доброто на својот народ… За да б’дат тија такива ги правеше нејзиното народно сознание, добрите мисли и чувства кон својот македонски народ, да и тој народ биде слободен, да и тој народ заживее мирен и творечки живот.

Ние постарите Македонци, кои се родивме и пораснавме под тешкото национално, икономическо и политичко робство, ние оште когато станавне да разбираме, сос правото нешто којто нија требаше да се запознаеме, таква беше голотијата и тешкото национално и политическо робство.

Икономическиот и политически гнет, како и националното робство, не застави много од нас, оште на млади години да напустиме родниот ни крај, да се отделиме од мајка и от датко, да се отделиме од свичко мило и драго, и отидовме во далечна Америка, за да трсиме парче хлеб, за  да трсиме подобар и сносен живот; през месец декември 1920 година и јас отидов во Америка..

Оште во младите ни детински години нија вкусивме горчивините на емигрантскиот живот. Благодарение на добрите услови кои ни ги даваше нашето второ отечество Америка, и нија Македонците во Америка можевме да организираме наши македонски народни дружества, и през тија народни дружества нија развивавме нашето македонско, народно чуство и единство, през тија народни дружества нија развивавме нашите социјални и културни нужди. 

При све што отидовме во далечна Америка, нија не заборавивме дека оставивме наши братја и сестри, нија не заборавивме дека оставиме нашиот македонски народ… да биде под тешкото национално и политическо робство. Тија мисли и чувства нé правеа ошче повеќе да се приврземе кон нашиот нешчаствен македонски народ, това не накара некои от нас да се организираме во македонски народни организации, през тија народни организации да се бориме за национална, икономическа и политическа слобода на нашите народи во Македонија.

Како през Втората светска војна, така и след војната нашите прогресивни организации во Америка направие многу за доброто на нашите народи во Македонија; през Втората светска војна кога нашите народи во Македонија заедно сос свите братски југословенски народи се бореа за живот или смрт, против најголемиот враг на човештвото – германските и местни фашисти, нија бевме на страната на нашите прогресивни народи, и му помагавме сос свичко што можевме“, рече Атанас Близнаков.

Во своето излагање доблесниот донатор и истакнат иселеник Атанас Близнак рече: Нија верните и честни Македонци во Америка и Канада се боревме и ошче се бориме против фалшивите клевети и пропаганди на ренегатите и измениците на македонското национално, ослободително дело, кои ренегати со свои лични амбиции и интереси работат за интересите на чуждите шовинистически пропаганди и интереси, против интересите на македонскиот народ.

Драги братја и сестри Македонци, целиот мој живот јас го посветив на македонското национално ослободително движење, и во националните и политически борби на нашите народи. За да б’да таков ме правеа стремежите и идеалите на нашиот македонски народ, тешкиот робски живот кој и јас го чувствував, дека и јас заедно сос тој народ се родив и пораснав под тешкото национално робство, дека и јас заедно сос тој народ чувствував маките и страданиата; дека и јас се борев и мечтаев за слободата и правдата на македонскиот народ. Тоа ме правеше да го имам при срце мојот македонски народ. 

Ас сум шчаслив, дека доживеав за да вида македонскиот народ во тој дел на Македонија, да се радва на слобода и независност, да гради и создава своја народна историја, своја народна култура и прогрес, и да говори на убавиот македонски литературен јазик.

Драги братја и сестри Македонци, на таја прослава јас дојдов тука, да предам на мојот народ свичко којто јас со труд и достојанство можев да го спечала през мојот живот. Денес на таа прослава, нија турваме основите на Фондацијата при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, која Фондација ќе служи за да помага на студенти кои имаат желание и волја да учат, а немат можност, немат средства да се подржават.

2kir11

Атанас и Славка Близнакови на формираљњто на Фондацијата

Мили студенти, мојот скромен подарок не е голема помош, туку моите мисли и намерение, моите добри чувства кон нашиот мил македонски народ, нека да се вд’хнат во вашите души и срца, нека да се вд’нат и во душите и срцата на целиот македонски народ, да и вија како мене мислите и работате за општото добро на нашиот народ, само тогава ќе има љубов и единство между нашиот народ, само така ќе има оште поголем прогрес и напредок.

Мили студенти, иднината на македонската народна република, иднината на нашиот македонски народ, главно, зависи од вас – вие сте кои ќе го држите кормилото на прогресот и на напредокот на нашиот народ; мојот завет кон вас е да вија винаги мислите, а така да мисли и целиот македонски народ, шчо нија ќе можеме да направиме за обштото добро на нашиот македонски народ, шчо добро ќе можими да направиме за македонската народна република, а не да очекуваме шчо ќе направи македонската република за нас.

Драги Македонци, нашиот народ сос векови се борел за слободата и правдата на нашите народи, многу от тија Македонци дадое свичко шчо  имае, дадое и својот живот, затова драги братја Македонци, и нија треба да работаме и да помагаме за подобар прогрес и напредок во Република Македонија, така нија ќе исполниме заветите на нашите постари поколенија, така нија ќе подржаме стремежите и идеалите на нашите дедовци и татковци, на нашите братја и сестри, кои заедно сос нашите братја југословенските народи пролее својата крв, дадое својот живот за слободата и правдата на своите народи во Југославија.

Моите најголеми желби се да таа фондација б’ди подржана и од други македонски добродетели како мене, таа   Фондација да б’ди поддржана от нашите колективни претпријатија и задруги, за да можи Фондацијата да има поголем прогрес и напредок, ќе биде во полза на нашиот македонски народ.

Сос тоа јас завршувам драги братја и сестри и ви пожелувам свичко најубаво”, рече Атанас Близнаков.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *