Во организација на „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, на 05 октомври, 2023 година, во Нејплс, Флорида,се одржа промоција на монографијата „Луј Влашо – Американски син на Македонија“. Делото е животна приказна за Лу (Илија) Влашо, роден Американец со македонско потекло од Егејскиот дел на Македонија, познат, признат и доблесен бизнисмен во Соединетите Американски Држави. Затоа, Владата на Република Македонија го назначи за почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави во 2007 година.
Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатено по повод Новогодишните и Божикните празници во 2022 година, на 330 страници на англиски и македонски јазик, чии главни и одговорни уредници се новинарката Херит Хеитаус од САД и публицистот Славе Катин од Македонија. Пред присутните, меѓу кои имаше познати личности од американското општество, во ресторанот „Космос“ во Нејплс, монографијата ја промовираше познатата личност меѓу македонското иселеништво господинот, Мето (Методија) Колоски, претседател на „Обединетата македонска дијаспора“ (ОМД), од Вашингтон, САД.
Господинот Колоски, меѓу другото рече: Монографијата „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е животната приказна на семејството Влашо, која е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во САД, но и во пошироките простори на северно-американскиот континент. Лу, чие македонско име е Илија, е познат активист за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултиетничката мапа на САД. Животната приказна на семејството Влашо, истовремено, е и скромен дел од историјата на Македонците од Егејска Македонија, на Македонците во иселеништвото и на дедовската татковина – Македонија.
Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Лу (Илија) Влашо. Тој се залага за афирмација на етничка Македонија. Таквата угледна бизнис личност, вљубеник во американскиот и во македонскиот народот насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации“, рече Колоски.
Инаку, Лу Вчашо (Lou Vlasho) е роден и пораснал во Кентон, во државата Охајо, каде основал семејство и поголемиот дел од својата работна кариера го поминал во Трој (Troy), Охајо. Сега живее во Нејплс (Naples), во Флорида. Иако поголемиот дел од животот го посветил на својата кариера и на општествено корисна работа, тој никогаш не ја заборавил татковината на своите родители и дал значителни придонеси за Македонија и македонскиот народ..
Лу Влашо како методист по религија беше близок пријател на починатиот македонски претседател Борис Трајковски исто така методист. Тие како религиски истомисленици помогна во ширењето на визијата на Претседателот за Светската конференција за градење дијалог меѓу религиите во Македонија и во светот, која трае до денес. Повеќе од една деценија, Влашо беше активно вклучен во Годишниот национален молитвен појадок (НПБ) во Вашингтон, Д.Ц. и беше инструмент во воспоставувањето на Појадокот за гостите од Балканот. Заедно со неговиот личен пријател и поранешен сенатор од Охајо, George Воинович, тој беше ко-претседател на годишниот ручек, на кој присуствуваат над 100 лица годишно од Балканот.
Во знак на благодарност на Лу Влашо за неговиот ангажман за работата и напредокот на македонската кауза, Владата на Република Македонија го назначи за почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави во 2007 година. Почесниот конзулат беше отворен во Нејпл, Флорида, во февруари 2008 година. Таа е годината во која Лу Влашо беше награден со специјалниот крст на „Свети Станислав“ за добротворни услуги.
Исто така, Лу Влашо е почесен член на Советот на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД) и еден од добитниците на „Наградата за животно дело“ од ОМД за неговиот придонес, особено помагајќи во развојот на првиот пратеник на Конгресменската пратеничка група за Македонија и проширување на македонско-американците односи, како и добивање на потребната поддршка од Конгресот за членство на Македонија во НАТО.
Лу Влашо (Lou Vlasho) е роден Американец, но Македонец по потекло од селото Брезница, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е интелектуалец, бизнисмен, хуманист, познат и признат во американското општество.Лу Влашој е познатиот Американец кој даде значителен придонес за македонската каузи и го посвети својот живот во служба на човечкото општество. Тој е едноставен човек кој направил се’ што може за животот во сите места каде што живеел да биде малку подобро место за живеење, а особено да придонесе за Македонците и Македонија
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
This piece was both insightful and entertaining! For additional info, visit: FIND OUT MORE. What do others think?