ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1978 ГОДИНА (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Почнувајќи од 1978 година, со одлука ма Меѓурепубличкиоткоординационен одбор за културна и просветна соработка на СФРЈ со странство, досегашната манифестација „Денови на македонската култура”, беше заменета со пошироката манифестацијапод наслов „Југославија во чест на свети Кирил” , која воиднина треба да го прикажува творештвото на југословенските народи.

Како општојугословенска заедничка акција нејзината програма ја сочинуваат приредби од сите републики и покраини на СФР. За непосредна координација и реализација на манифестацијата е определена СР Македонија, односно Републичката комисија за културни врски со странство од Македонија.

Манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил” се одржа од 16 до 25 мај, а на програмата беа застапени следните активности: Изложба на фотографии „Поглед врз Македонија”, на која фотографот Благој Дрнков презентираше педесет фотографии во боја, на кои беа прикажани културното наследство, пејзажи и друго. Изложбата, која беше поставена во „Palaco del espozicioni”, ја отвори советникот за култура во Римската општина г. Ренато Николини.

Се изврши проекција на југословенски документарни и анимирани филмови во Рим и Неапол, коишто беа проследени со предавања за филмот од страна на режисерот Димитрие Османли. Д-р Марија Митровиќ, декан на Филолошкиот факултет во Белград и доцент на Катедрата за словенечка книжевност при истиот факултет одржа предавање за студентите на Институтот за славистика на двата универзитета во Неапол и Рим, на тема: „Хетерогеноста на стилските системи во современитејугословенски книжевности”.

Притоа, на Римскиот институт за славистика, д-р Томе Саздов, декан на Филолошкиот факултет во Скопје, подари 200 книги на македонски јазик. Поетско-уметничката вечер во Рим и Неапол, пак, беше составена од два дела: настап на солистот на Скопската опера Ѓорѓи Божиков, бас, во придружба на пијанистката Лилјана Иванова, а Камерниот оркестар на РТВ Скопје под диригенство на Олджик Пипек се претстави со дела од современи музички автори, меѓу кои од Томислав Зографски, Тома Прошев, Милко Келемен и други.

И годинава, по повод празникот Свети Кирил и Методиј и манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил”, чиј главен организатор беше „Театро-клуб, Премио Рома” престојуваше делегација на Светиот синод на Македонската православна црква, што ја предводеше митрополитот американско- канадски австралиски г. Кирил, а членови на делегацијата беа: протојереј-ставрофор Методи Гогов и ѓаконот Јован Таковски, професори на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје.

Првата југословенска државна и културна делегација ја предводеше Матеја Матевски, претседател на Комисијата за културни врски со странство на СР Македонија , а членови беа д-р Томе Саздов, декан на Филолошкиот факутет во Скопје и Ахил Тунте од СРМ, д-р Дамир Грубиша од СР Хрватска и д-р Марија Митровиќ од СР Србија.

На самиот празник на светите Кирил и Методиј Солунски, во базиликата „Свети Климент Римски” беше отслужен благодарствен молебен. Откако беа положени венци и свежо цвеќе од страна на државната делегација, митрополитот г. Кирил, во сослужение со свештените лица го отслужи молебенот на македонски јазик. На процесијата пееше хорот на Институтот „Русикум”, под диригенство на отец Пихлер, а беа пристуни двајцата југословенски амбасадори, службеници при амбасадите, членови на државната делегација, учесници на културно-уметничката програма, сплитскиот надбискуп Фране Франиќ и голем број поклоници и туристи од светот.

По молебенот што митрополитот Кирил го отслужи, тој го одржа и следниот говор пред гробот на свети Кирил Солунски:

… Усовршениот и продуховен јазик на македонските Славени станалпогоден инструмент не само за успешно христијанско мисионерство,туку и за богато литературно творештво. Со тоа биле положени здравитеоснови на словенските христијански цркви и културни дејности насловенските народи; биле создадени услови за подлабоко христијанизирањена одделните личности, за плоден верски и морален живот, занаука, за државност, за култура и цивилизација.

Делото на свети Кирил, продолжено од свети Климент, свети Науми голем број нивни последователи во другите словенски земји, им гоотвори патот на сите словенски народи, преку запознавањето на вистинатада бидат ослободени од мракот на непросветеноста и да постигнатненаситни дострели во својот национален и црковен живот, восвоето културно творештво.

Сите словенски народи и сите словенски цркви им должат големаблагодарност на свети Кирил И Методиј, на свети Климент и Наум, наГоразд, Анегелариј и Сава и на сите други просветители и реализаторина големата програма на просветителот свети Кирил Солунски…” 

1Djorc33

Црквата Сан Клементе во Рим

По говорот на митрополитот г. Кирил беше произнесено „Пофалнослово” од свети Климент Охридски за свети Кирил Солунски, неговиот учител, чијшто текст го читаше артистот Дарко Дамевски, додека поетите Јован Котевски и Јован Стрезовски, низ свој поетски израз, го прославуваа делото на свети Кирил и на свети Климент.

Во текот на манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил”, во општината Кампидолио-Рим, за првпат беше организирана конференција за печат на која зборуваше Матеја Матевски и професор Гуериери, познат историчар на уметноста, театролог и публицист. Во меѓувреме делегацијата беше примена од проф. д-р Ѓулио Карло дрган, градоначалник на Рим. Таа, исто така, беше примена и од г. Романс, директор на Генералната дирекција за културна соработка со странство при Министерството за надворешни работи. Претставниците, пак, на двете делегации, во присуство на г. Звонко Свете, амбасадор при Светата столица, беа примени во Советот за јавни работи на Ватикан од монсињор Казарели, а потоа и во Државниот секретаријат на Ватикан од монсињор Каприо.

Делегацијата на Македонската православна црква предводена од митрополитот г. Кирил, беше гостин на Понтификалниот институт „Русикум”. Другиот ден по пристигнувањето делегацијата го посети Словачкиот богословски институт „Свети Кирил и Методиј”, во чија црква почиваат и мошти од свети Климент Охридски. Посетата на овој институт стана веќе традиционална бидејќи нашата црковна делегација десет пати го посетува Рим и десет пати служи благодарствен молебен на гробот на големиот сесловенски апостол и просветител и се поклонува пред неговите свети мошти и секогаш делегацијата го посетува Институтот „Свети Крили и Методиј”.

Во Институтот, во отсуство на ректорот, делегацијата беше пречекана од заменик ректорот проф. д-р Јозеф Варовиќ, кој како славист добро ја познава историјата на словенските народи. Притоа, тој рече дека може да се издвојат трите најмали словенски народи: македонскиот, словенечкиот и словачкиот и укажа на истоветноста од нивната историска судбина, нагласувајќи дека овие три народи во текот на долгата историја биле подложувани на онеправдување, разделувања и асимилација, но дека сепак го сочувале својот идентитет и интегритет, благодарение на големите и вечно современи светикириловски идеи и идеали, кои се пристутни особено кај овие мали словенски народи.

Исто така, црковната делегација беше примена од кардиналот Шепар. Во разговорот, овој ватикански великодостојник изрази радост поради отворањето на Богословскиот факултет во Скопје, нагласувајќи дека „со тој акт Светиот архијерејски синод на Македонската православнацрква покажува сериозна грижа за подготвување на високообразовансвештенички кадар во крилото на својата црква”.

Потоа, делегацијата беше примена од југословенскиот амбасадор при Светата столица г. Зденко Свете, како и од монсињор Тореља во Секретаријатот за единство на христијаните при Светата столица.

На приемот присуствуваа и монсињорите Мелер, Ланг, Вирвол и Смит. Притоа митрополитот г. Кирил се заблагодари за доделените стипендии на пост дипломците Ристо Трајковски и Славе Јовановски од Македонската православна црква, а кои се усовршуваат на Ориенталниот институт, каде што делегацијата беше примена од ректорот монсињор Јоаким Хуберт, професорите Михаил Аранц, Роберт Таф, Иван Жужек, а разговараше и со д-р Антонио Јерков. Митрополитот г. Кирил од името на Светиот синод на Македонската православна црква на Институтот му подари примероци од првото издание на илустрираната Библија за млади на македонски јазик.

Републичката комисија за културни врски со странство на СР Македонија и Филолошкиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј”Скопје на Институтот за словенска филологија на Универзитетот во Рим му подарија избор од изданија на македонски јазик, на 24 мај 1978 година.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

One thought on “ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1978 ГОДИНА (27)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *