МАКЕДОНИЈА ДОАЃА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ОХАЈО, САД (25)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“. 

Во исто време, работев на односите помеѓу мојата алма матер, Универзитетот во Охајо и Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Делот на кој бев особено горд ќе донесе македонски студенти, со стипендии, на обука за лидерство на факултетот во неговата програма Катлер Сколарс. Тоа беше обезбедено токму од мојот пријател Ристо Гуштеров, кој на програмата и даде 500.000 долари.

Создадовме и Меморандум за институционална соработка, со Бобек Шуклов, декан на економскиот факултет при Свети Кирил и Методиј, и Чарлс Пинг, поранешен претседател на Универзитетот во Охајо и јас, на средбата за потпишувањето на истиот во Скопје.

Ова беше еден од најуспешните – ако не и најуспешниот проект во кои некогаш сум имал привилегија да учествувам. Добивме признание од Универзитетот Свети Кирил и Методиј, трет што го имаа доделено за половина век работа.

Тоа беше резултат на неколкугодишната моја работа со Економскиот факултет на универзитетот Свети Кирил и Методиј и со Бизнис колеџот при Универзитетот на Охајо. Првиот чекор беше четворица професори од економскиот факултет и деканот да го посетат Универзитетот на Охајо во Атенс, Охајо, заради ориентација и утврдување на намената и целите на програмата. Откако тие беа утврдени, 15 извршни МБА студенти на Универзитетот на Охајо заминаа во Македонија да работат со исто толку македонски студенти на консултантски проекти.

Работев и со Слободанка Ристова, добра пријателка која беше лидер во почетната приватизација на индустријата во Македонија. Со нејзина помош и со нејзината консултантска компанија, можевме да одредиме компании на кои им требаше решавање на конкретни проблеми и кои беа подготвени да работат со студентите.

Избраните компании и проблемите беа:

Макпетрол: тешкотии со нивниот маркетинг и дистрибуцијата на гориво до нивните бензински пумпи.

Скопски пазар: дали да го прошират бизнисот во пазар на производи за потрошувачка.

Македонска телекомуникациска компанија: како да се пробие на пазарот на мобилни телефони.

Фершпед: логистички проблеми со нивниот возен парк.

Компанија за дистрибуција на електрична енергија: подобрување на електричната мрежа во земјата.

Комерцијална банка: добивање поголема ефикасност во нивните филијали.

Пивара Скопје: воведување Coca-Cola и флаширана вода како дел од нивната производна линија. (Сите сакаа да бидат на овој проект!)

Учениците работеа две недели. Секој тим направи заклучна презентација за своите наоди и препораки до одборот на директори на секоја компанија. Присуствував на повеќето презентации и бев импресиониран и задоволен од квалитетот на секоја рецензија и нивните препораки.

Студентите кои беа гости дури беа поканети да го посетат претседателот на Македонија, Борис Трајковски, во неговиот кабинет. Борис беше човек на кој му се восхитував и станавме добри пријатели. Го поканив на завршниот банкет, но тој рече дека тоа веројатно нема да биде изводливо.

Ноќта кога се оддржуваше банкетот дојде брзо, но забележуваме нешто поинакво на патот кон салата – војската беше стационирана на многу места. Што се случуваше?

Добивме одговор на нашето прашање кога претседателот Трајковски влезе во салата, заедно со голем број претставници на владата. Тој беше дојден да присуствува на банкетот.

Како што се сместував да седнам, Борис влезе во просторијата и додека поминуваше зад мене кон главната маса ми шепна: „Дојдов поради тебе“. Каков човек. Каков претседател. Каков пријател.

Секако, одвоивме време да им покажеме на студентите кои беа гости дел од Македонија. Без исклучок сите се согласија: „Македонија е прекрасно место. Би сакале да се вратиме“.

Дефинитивно ќе се вратам, но во една поинаква улога – во служба на верата – следниот пат.

1janij1

Скопје

Како резултат на мојата поврзаност со Македонија и Универзитетот во Охајо, видов некои работи во кои можев и самиот да помогнам.

Особено добро се сеќавам на едно барање што дојде од Бобек Шуклов, декан на економскиот факултет при Свети Кирил и Методиј во Македонија. Тој беше советник на една млада жена, Ана Ставреска, која студирала таму две години, а две години после тоа дипломирала на факултетот во Охајо, и на која и била ветена поддршка за магистерските студии на тој факултет – но некако нејзината помош била откажана

Беше средина на август и немаше каде да побара помош. Го зедов телефонот и му се јавив на деканот на тогашниот факултет за бизнис при Универзитето на Охајо, Глен Корлет, кој ми стана добар пријател.

Му кажав за оваа извонредна студентка – иако никогаш ја немам лично запознаено младата жена – која сакаше да стусира постдопломски студии, но, не поради своја вина, немаше каде да оди. Глен ми рече дека ќе ми се јави повторно, и ми се јави, но имаше еден услов.

„Не можам да ги финансирам некои од побарувањата во готово.

Треба да најдеме 7.000 долари“, рече тој. Јас ќе го направев тоа. Но, Глен сакаше да издејствува тоа да биде заеднички напор. Тој напиша мејл до седум луѓе, вклучувајќи ме и мене, барајќи од секој од нас 1.000 долари за стипендија. Веднаш одговорив – се разбира, како што направија и сите други – 1.000 долари, и вака така, имавме стипендија!

Ана отиде на факултет и стана една од најдобрите студенти на магистерските студии што тие некогаш ги имале. Таа дури подготви и истражувачки труд за мене, кога групата во која бев вклучен и јас, проучуваше увозни гуми од Словенија. Трудот и беше навистина квалитетен и поради тоа ја чекаше работа уште пред дипломирањето.

Или така барем си мислеше. Кога таа работа неочекувано пропадна, непосредно пред дипломирањето, таа се обрати до нејзиниот американски „чичко Лу“. 

„Ана, јас сум надвор од тие кругови“, ја предупредив. Бев во пензија со години. Што можев да направам? Најдов неколку банкари што ги познавав и почнав да се јавувам. Еден од нив, Мет Матијас, во тоа време беше во Ваховија, која наскоро ќе се приспои со банката Велс Фарго, и тој можеше да и обезбеди интервју за работа. Таа ја доби работата; таа стана ѕвезда помеѓу сите мои студенти.

Ана на крајот отиде во голема њујоршка фирма. Потоа влезе во инвестициски фонд и многу добро се снајде. На крај, таа се врати во Велс Фарго. Таа е мажена за човек кој исто така дипломирал на Универзитетот во Охајо  и тие имаат прекрасна ќерка.

Продолжува 

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *