ХУМАНИТАРНОТО ЗДРУЖЕНИЕ „КРАЛИЦАТА ЕСМА И СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“ – ДЕЛ I (23)

Судбинската мисија на Есма Реџепова–Теодосиевска е да дарува, да помага, да биде мајка над мајките, непоколеблива и истрајна во намерите да подари на секој огромна љубов како непресушен извор на добрина, што ја чини ретка на овој свет. Нејзиниот смисол на живот е хуманоста која доследно ја следи сите изминати години. Покрај тоа што таа беше икона на македонската и ромската народна музика, во исто време Есма беше една од најхуманите личности во Македонија и пошироко

Како резултат на тоа е формирано Хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“. Оваа по многу нешта карактеристична асоцијација е регистрирана во 2002 година, под регистерски број  4434749, а од 2012 година е пререгистрирана со нов назив: Хуманитарно здружение „Кралицата Есма и СтевоТеодосиевски“. Претседател на здужението е Зорана Костовска, а Есма Реџепова–Теодосиевска е почесен претседател.

Мисијата на Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ е да пружи хуманост и помош на оние на кои им е потребна. Здружението многу пати несебично дарувало, се грижело и се залагало да се помогне на беспомошните, болните, сиромашните, хендикепираните и на сите оние на кои им е потребно да им се подаде рака. Во оваа пригода, меѓу големиот број донации ќе ги наведеме следните:

Донација на Клиниката за неврологија од 5.000 евра во медицински помагала;

Донација во санитетски материјали на Клиниката за нервни болести;

Донации континуирано во Детскиот дом за деца без родители „11 Октомври“ во подароци, материјални средства и присуство на сите нивни манифестации;

Донација по 100 евра на 9 матуранти од Детскиот дом за деца без родители „11 Октомври“ и организирање и финансирање на матурска забава за 450 гости;

Донација за летување на децата од Детскиот дом за деца без родители „11 Октомври“;

Донација во стоматолошка опрема на Здравствениот дом „Скопје“;

Донација континуирано на Специјалниот завод во Демир Капија;

Донација на Центарот за дијализа во Струга;     

Донација на Здравствениот дом во Чаир;

Донација во санитетски материјал и колички за болни на поликлиниката во Ѓорче Петров;

Донации континуирано заедно со Црвениот крст на Македонија;

Донација во храна и облека за бегалците од Косово, заедно со Црвениот крст на Германија;

Донација во облека и книги на село Кондово ;

Партнерство со Мери Корпс – донација на храна и облека на бегалците од Косово;

Партнерство со Издавачката куќа „Просветно дело“ – донација на 100 комплети учебници за сиромашни ученици;

На хуманитарната организација „Класје на добрината“ дониран простор од долниот кат од Домот на хуманоста „Есма и Стево Теодосиевски“ за време на бегалската криза на Косово, од каде се распределуваше помошта;

Партнерство со хуманитарната организација „Крик“ во донација на прибор за градинки и училишта;

Четири модни ревии со фустаните на Есма под наслов „Есма хепенинг“. Средствата од ревијата во Неготино беа донирани на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“;

Модна ревија во Струмица – средствата беа донирани на сиромашните  Роми од Скопје;

1isel55

Дел од активностите на Хуманитарното здружение

Модна ревија во Струга – средствата беа донирани на Женската организација на жените од Струга, а тие ги донираа на две сиромашни семејства;

Средствата од модната ревија во Скопје беа донирани на децата од Топаана;

Партнерството со жените од Фрајбург, Германија, во донација на облека на сиромашните  семејства во Скопје;

Донација на шлепер со облека, апарати, храна, препарати и лекови за настраданите од земјотресот во Бам, Иран;

Донација на Училиштето за специјални потреби „Д-р Златан Сремац“;

Донација на Основното посебно училиште „Иднина“;

Континуирано подароци за децата од „Детското село“;

Континуирано подароци за Домот за стари лица „Волково“;

Целосно финансирање на престој и студии на Факултетот по соло пеење на Елеонора Мустафова, сиромашно девојче од Кратово;

Донација на Билјана Џуфовска, хендикепирана девојка од Велес;

Донација од 200 евра, подароци и храна на Стефан и Зоран Петровиќ, две хендикепирани братчиња од Волково;

Континуирано заедничко донирање со клубот „Лајонс“ од Скопје, во кој Есма Реџепова-Теодосиевска е прва жена-членка;

Донација-играчки на Детската клиника;

Донација за девојка од Домот „11 Октомви“ која живее сама во Ѓорче Петров, а не е вработена;

Донација за болното дете од леукемија, Томислав Стоилковиќ од Куманово, донирани се средства и крв;

Целосно финансирање на студии за сиромашното момче Дурмиш Ибраимов од Шутка;

5.000 долари за настраданите во земјотресот во Скопје;

Партнерство со италијанската хуманитарна организација КРИК, во донација на прибор за градинки и училишта;

Партнерство со КАРИТАС, донација за бедните Роми во Шутка;

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *