ОБЈАВЕНИ ТРУДОВИ ВО ЧЕСТ НА ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Делегациите имаа повеќе приеми кај официјални црковни и државни функционери и насекаде беа пречекувани со мошне забележливо внимание, почитување и интересирање.

Делегацијата мошне срдечно беше пречекана и од страна на градоначал-никот на Рим г. Клелио Дарида, кој на шефовите на делегациите архиепископот господин Доситеј и потпретседателот на Собранието на СР Македонија г. Ванчо Апостолски им врачи златни медали  по повод  2700-годишнината од основањето на Рим, а на другите членови на делегациите спомен-плакети.

По завршувањето на главната свеченост откривањето на спомен-плочата над гробот на свети Кирил, нашите делегации со претседателот на Сојузната комисија за верски прашања г. Мило Јовичевиќ, југословенскиот пратеник при Светата столица г. Вјекослав Цврље и нивните соработници го посетија карди-налот Господин Шепар.

Домаќинот срдечно ги лречека своите гости и пројави голем интерес за приемот кај папата Павле VI, за средбите со високите претставници на римокатоличката црква, а особено за свеченостите по повод откривањето на спомен-плочата над гробот на свети Кирил.

Со посебно задоволство претставниците на обете делегации го истакнаа својот голем восхит од срдечноста и гостоприемноста на Неговата Светост папата Павле VI, кардиналот господин Вилебрандс и другите еминентни претставници на Римокатоличката црква.

На кардиналот господин Шепар му се искажа особена признателност и благодарност за неговиот вонреден придонес за успешното извршување на оваа мисија, како и за посредништвото при создавањето на присни екуменски врски со претставниците на Католичката црква.

Во знак на внимание му беше предаден скромен – подарок Албум на фрески (копија) од најстарите цркви во Македонија.

Кардиналот господин Шепар топло се заблагодари на вниманието и го изрази своето големо задоволство за се’ она што во името Божјо го сториле нашите делегации во Рим. Се извини што поради своето слабо здравје не можел лично да учествува на тие свечености. Мислено и духовно бил на истите.

На 24 мај 1970 година, делегацијата на Македонската  православна црква, на чело со архиепископот господин Доситеј направи куртоазна посета на Ориенталниот институт во Рим, и мошне срдечно беше примена од ректорот  г. Иван Жужек и професорскиот колегиум.

Неговото Блаженство со избрани зборови ги поздрави домаќините и им пожела успех во нивната научна и мисионерска работа, а потоа им предаде подароци: на ректорот своја лична фотографија и албум од репродукции на средновековните фрески и икони од манастирите и црквите во Македонија; на професорот г. Лацко ист албум; и на Институтот (за библиотеката): Свето писмо на Новиот завет (на македонски јазик); „Свети Климеит Охридски” (916-1966 голина); „Од свети Кирил и Методиј до нашите денови”; Молитвеник; Црковна историја на Македонската православна црква; Историја на македонскиот народ (во три тома).

Од страна на државната делегација на СР Македонија на Институтот му беа подарени 50 одбрани дела од македонската историја и литература.

Во прекрасната сала Гонфалоне се одржа концертот на Хорот на Радио-телевизија Скопје, на чија програма се наоѓаше „Златоустовата литургија” од Атанас Бадев,„Величание на ск Кирил и Методиј” од Тодор Скаловски, „Тролар”  и „Светилен” од ораториумот „Похвала Кирилу и Методију” од Томислав Зографски.

Во вториот дел на програмата настапи Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентство на г. Ванчо Чавдарски, кој исполни дела од македонските композитори: суитата „ Тонска репродукција” од Миодраг Јановски, „Шлиномот бр. 1” за гудачки оркестар од Сотир Голабовски и „Класичната суита.” за камерен оркестар одТомислав Зографски. 

Целата оваа музичко-литерарна програма се одвиваше во импозантен амбиент украсен со изложените фрески од Македонија, посветени исклучиво на св. Кирил и Методиј и нивните ученици св. Климент и Наум Охридски.

1sved44

„Во чест на свети Кирил и Методиј“, автори: В. Стојчевска-Антиќ и С. Николовски-Катин, „Матица македонска“, Скопје, 1994, 1-212; „40 поклоненија пред гробот на свети Кирил во Рим, автори: В. Стојчевска-Антиќ, С. Николовски-Катин,   епископ Климент, „Македонска искра“, Скопје, 2008, 1 228. 

Во 1970 година, МАНУ во два тома ги издаде поднесените реферати на симпозиумот: Кирил Солунски, I, II, (МАНУ-Скопје 1970). Од секцијата А (археологија, историја, историја на литературата, историја на уметноста), во првиот том објавени се интегралните реферати со резимиња на странски јазик, и тоа од научниците: Б. Алексова, С. Антољак, К. Балабанов, Б. Бошковски, Ј. Братулиќ , Љ. Василев-Стефовска, Б. Грабар, Ц. Грозданов, В. Илиќ, М. Ќ. Љубин-ковиќ, Р. Ј Вубинковиќ, П. Миљковиќ-Пепек, Б. Панов, Ј. Погачник, Џ. Поленаковиќ, Ѓ. Сп. Радојичиќ, 3. Расолкоска-Николовска,  Д. Стефанија, Н. Този, Ѓ. Трифуновиќ, С. Троицки, М, Франичевиќ и Д. Шопов.

Во II дел, секција Б (лингвистика, палеографија, филологија) објавени се рефератите на: Д. Богдановиќ, Д. Брозовиќ, И. Веселинов, Ј. Врана, Г. Георгиевски, П. Хр. Илиевски, Б. Конески, М. Кравар, Џ. Куна, 3. Курцова, Р. Лелиќ, Л. Матејка, М. Миновски, Ж. Михајловиќ, А. Младеновиќ, В. Мошин, М. Мулик, О. Јашар-Настева, О. Недељковиќ, М. Павловиќ, М. Пантелиќ, В. Папазисовска, Б. Ристовска, Д. Стефановиќ, Б. Стипчевиќ, В. Стојчевска-Антиќ, Р. Угринова-Скаловска и Љ. Штављанин-Ѓорѓевиќ,

Богатството на тематиката и насловите на рефератите недвосмислено укажуваат на успешниот и богат симпозиум.

Од 1970 година во Рим почна да излегува  годишното списание „Сlоriа а Ѕап Cirillo”, секогаш на 24 мај, во кое, меѓу другото се застапени следните материјали: Во бројот од 1970 година воведна статија за светите браќа Кирил и Методиј напншал Гане Тодоровски. Петар Миљковиќ- Пепек пишува во истиот број за ликовите на сѕетите браќа од Солун и на нивните ученици во Македонија. Во 1971 годнна Георги Сталев објавува труд за улогата на светите браќа Кирил и Методиј како создавачи на словенската култура. Цветан Грозданов пишува за минијатурите во македонските средновековни ракописи. Драгослав Ортаков објавува статија за црковната музика во Македонија. Во бројот од 1972 година, пак, Бранко Панов дава историски пресек за делото на светите Кирил и Методиј меѓу Словените.

Списанието од 1974 година и’ е посветено на македонската поезија. За бесмртното дело на светите Кирил и Методиј се однесува написот на Томе Саздов во бројот од 1975 година. Коста Балабанов се јавува со труд за култот на светите Кирил и Методиј во сликарствого на Македонија од XIX век. Во списанието од 1976 година Блаже Конески говори за традицијата и делото на светите Кирил и Методиј. Во истиот број Драгослав Ортаков пишува за црковната музика во Македонија. Радмила Угринова-Скаловска во бројот од 1977 година пишува за старословенскиот јазик. Во 1978 година ВераС. Антиќ објавува статија за делото на светите Кирил и Методиј, а Блаже Конески есеј за св. Климент Охридски.

Во 1988 се појави јубилејниот број на списанието „20 апnni della manifestazion” Во овој број со воведник се јавува Вера С. Антиќ и говори за делото на светите Кирил и Методиј. Следи и хронографија на дваесетте години од манифестацијата „Југославија во чест на св. Кирил” (1969-1987), 37-52 (во наредниоттекст„Во чест на св. Кирил”).

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *