ВИСТИНАТА ЗА ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНЕЦ ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ОД САД (1)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ на авторот Славе Николовски – Катин, кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а е на македонски и на англиски јазик, е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Името Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња. Децениски потврдено во бизнис заедницата и тука во татковината, но, пред сè, во прекуокеанските меридијани на северноамериканските простори, па и пошироко од тоа. Вистината за Ѓорѓија – Џорџ, премостена на два континента, е една повеќеслојна, необична, интересна и многу убава приказна, која облагородена и со авторовата имагинативност и суптилен пристап, е сместена меѓу кориците на ова прекрасно издание.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е еден од столбовите на акциите организирани и реализирани во битката за самостојна, суверена и независна македонска држава. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето, кои имаат корифејски заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис – мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави

За човекот кој досега, со недоброени примери и факти, и таму каде што век векува во Соединетите Американски Држави и во Македонија, од каде што му се корените и постаментот на неговото семејно стебло, тој секогаш е во една лоби – офанзива со афирмативната вистина за Македонија, македонскиот народ и Македонската православна црква-Охридска архиепископија

На Џорџ Атанасоски му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето, кои имаат корифејски заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис – мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави. Во иселеничката заедница на македонските сонародници, тој, отпрвин организационо – активистички, потоа, политички и духовно, заедно со генерациската плејада истомисленици, со многу ентузијазам, успех, промисленост и упорност, работи и придонесуваа за што повисокото позиционирање на македонските иселеници во мултикултурното американско општество.

Џорџ е еден од столбовите на акциите организирани и реализирани во битката за самостојна, суверена и независна македонска држава, и тоа може да се каже, во клучните раздобја на тој пат на истрајноста и посакуваното финале на 8 Септември (гроздобер) 1991 година, кога сонот на генерациите, стана реалност.

Неговите пораки и зборови, имаат мобилизаторска моќ, бидејќи тие се гласот на народот, глас на вистината. Основната мисија на ваквите посветеници и народни борци е да се чуваат најсветите реликвии на својата нација – името, јазикот, културата и духовноста, односно севкупноста на националните доблести, но и да се помага економски.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, непрекинато повикува на сплотеност и единство на својот род. Укажувајќи дека тоа е бедемот на нескршливоста и непокорот, патот да се премостат многуте тегоби, неправди и злото, без разлика од каде и да доаѓаат тие. Единството и заедничкото дејствување се своевидна нескршливоста, на успехот и справувањето со сите предизвици на модерното време, темел во новиот милениум во кој ја изодуваме новата декада.

Јунакот од оваа моногравско дело, постојано се залага и така дејствува, за неопходноста од стабилноста и кохезијата на македонската заедница во цела етничка Македонија, потоа во македонските иселенички колонии, како и во сите други сфери, кои се витални за опстојот и крупните исчекори на една нација и во мирнодопски, но и во турбулентни времиња.

Таквите угледни бизнисмени, патриоти – вљубеници во својата татковина, секогаш ги води онаа родољубива и света мисла – никогаш да не престанат да го заштитуваат својот народ, и да бидат онаа непремостлива брана, во бедемот на одбраната на неговиот идентитет и национална самобитност.Од најблиските и подалечните тој не случајно е наречен легенда, што е сосема заслужен епитет за Атанасоски, кој се вброи во елитните бизнис – формации и во татковински мисионер.

Па, иако кармата му била да не остане дома, туку да замине по светот, тој во секој момент од неговиот животек и активизам придонесува за својот народ. Атанасоски е доследен човек во кажаното и ветеното. Не останува само на зборови кога вели дека татковината треба да се помага и треба да придонесуваме во мозаикот на сите нејзини развојни фази.


Сонцето од Кутлеш (Палатица), симболот на античките Македонц

Потврда за тоа е и фактот, дека во Прилеп, од каде одамна кинисал по светот, за да се задоми во Соединетите Американски Држави, инвестира, гради и помага, успешно менаџирајќи фирми, кои под неговата диригентска бизнис – палка, станаа препознатлив бренд во градот под Марковите кули. И, се разбира, пошироко, и повисоко, до каде достига погледот и на статуата на најголемиот цар на сите времиња епскиот јунак Александар Македонски, среде Прилеп, за чија изградба донацијата е на господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Од питорексното Марул, до вечниот Прилеп и натаму преку европските земји, сѐ до мегалополисот Њујорк, и блискиот до него Њу Џерси, со конечен пристан до сончевата Флорида на југот од големиот континент, во сите тие трансферзали, се испишува приказната за амбициозниот Македонец, Џорџ Големиот. Кинисува како доста млад од градот под Марковите кули во потрага по еден поинаков животек, поинаква иднина и среќа во далечните простори.                      

Снаодливоста, работата, упорноста и визионерството, отсекогаш му биле личен белег и силна страна, која го водеше и го воздигна таму каде што е денес. Исклучителна вредност е и тоа, дека, иако тој одамна замина, но никогаш не ги заборави својот Прилеп и својата Македонија. Напротив, се враќаше и се враќа толку многу пати, каде што го влечат корените и носталгичните вибрации.

Направи многу крупен чекор и служи за пример неговата одлука и гест, да изгради хотелски објекти, да го воскресне од дното еден од најголемите комбинати, да спонзорира спортска екипа и да прави уште многу добри дела. Тоа, прилепчани и сите вистинољубиви луѓе, го ценат и уважуваат, бидејќи Џорџ со личен пример покажа како се сака и помага родниот крај и Македонија. Неговата максима преточена во дело е и онаа Кенедиевата, дека, не е важно што татковината ќе стори за тебе, туку, најважно е, што ти ќе сториш за неа.

Атанасоски е и дел од првата формација на Светскиот македонски конгрес, беше кандидат во трката за претседател на Република Македонија, претседател на политичката партија „Македонска алијанса“, иницијатор и сопственик на гласилата „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“.

Затоа со право се вели дека Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски е човекот кој активно се вклучува во оние активности во кои се работи и се придонесува за доброто на татковината. Тој е еден од оние видни личности кои македонскиот народ низ своите историски, развојни и цивилизациски епохи, имал такви луѓе, имал борци и верни чеда.

Затоа, со право се вели дека еден од македонските патриоти, бизнисмени и хуманисти, кој со својата харизма, упорност и докажани дела и вредности, и кој со својата харизма и неотстапност останува доследен и горделив Македонец, двигател на мислата за слободна Македонија, за обединет македонски народ во своите етнички граници, е Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Тој заслужува големо признание за сето она што го прави за татковината, за Прилеп, за македонскиот народ како претставник на лозата Атанасоски.

Низ ваквите корифејни примери и продонес, се гледа и подемот на еден народ, на една црква и на една држава – на македонскиот народ и Македонската православна црква, Охридска архиепископија и на суверена Република Македонија. Тоа се нашите три вечни факели кои се живи одблесоци и кои не само што опстојале низ времето, туку тие редат нови успеси, вредности и постигања на сите полиња.

А доблесни патриоти ја шират вистината за нив, се борат за нивното име и престиж, помагаат и придонесуваат на најдобар можен начин. Во Њујорк и Њу Џерси, во Флорида и во Македонија, покрај активноста во македонската заедница, Џорџ Атанасоски, како верник, со многу духовна промисла и посветеност, а и потоа на Флорида каде што живее семејството Атанасоски, придонесува за воздигнувањето на својот род и светоста на МПЦ-ОА.

И токму затоа, за него може да се нижат многу факти, дела, заслужени епитети, комплименти и восхит. Тој насекаде го истакнува своето македонско потекло и македонски корени, и правејќи го тоа со огромна љубов, и непрекината верност кон татковината. Атанасоски го прави тоа со својата најубава библиска земја на Балканот, во јужните поли на европскиот континент, или отаде Атлантикот во неговата втора татковина, Америка.

Продолжува

Пишува; СЛАВЕ КАТИН

One thought on “ВИСТИНАТА ЗА ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНЕЦ ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ОД САД (1)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *