Струјата во прв блок поевтинува за 5,16 отсто, минимално поскапува во трет и четврти блок

Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто. Цената за секој блок е збир од цена за активна електрична енергија плус мрежарина.

Како што истакна денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски, тоа го овозможи воведувањето на надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари месечно што ќе го плаќаат сите корисници. Во спротивно доколку не се воведеше, како што кажа, ќе имало поскапување за 3,4 отсто во прв блок, за 8,62 во втор, за 9,46 во трет и за 4,92 отсто во четврт блок, додека евтината тарифа ќе се зголемела за 15,42 отсто. Дополнително, надоместокот за пристап до мрежа овозможи и намалување на мрежарината за речиси 23 отсто.  

-Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Во моментите кога го имплементиравме надоместокот за пристап кон мрежа се водевме пред се на една од најбитните темелни вредности на нашиот Устав, тоа е социјалната правда. Со воведувањето на овој пристап кон мрежа овозможивме цената за мрежарина да се намали за речиси 23 проценти. Сето тоа ни овозможи да донесеме цени како што ги објавивме, рече Бислимоски на денешната прес-конференција, истакнувајќи дека одлуката е во насока на заштити стандардот на граѓаните.

Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,

Ова е првата одлуката за цена што ја пресметуваше и ја објави во „Службен весник“ универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“, а под контрола на РКЕ.

-Со ЕВН неколку пати одржавме состаноци и имавме забелешки во одреден дел околу факторот на корекција. ЕВН бараше да се примени поголем дел од факторот на корекција кој треба да се врати во наредниот период, а ние инсистиравме во оваа одлука факторот на корекција да биде нула. На крајот концептот РКЕ да врши контрола во носењето на одлуката на „ЕВН Хоум“ се покажа како правилен и беа прифатени нашите образложенија врз чија основа се донесе одлуката за цените, рече Бислимоски.

Посочи дека кај 80 проценти од домаќинствата веќе функционира евтината дневна тарифа во периодот од 13 до 15 часот што беше воведена од 1 декември годинава. 

Во првиот блок се домаќинствата кои трошат од 0 до 210 киловат часови електрична енергија месечно, во вториот од 210 до 630, во третиот од 630 до 1.050 и во четвртиот тие што трошат над 1.050 киловат часови месечно.

Според Бислимоски, некаде околу 80 проценти од домаќинствата се во првиот и во вториот блок. Смета дека со воведувањето на евтината дневна тарифа дополнително ќе се намали потрошувачката по блоковите, а за сметка на тоа ќе се зголеми во евтината тарифа каде цената е двапати поевтина од првиот блок.

8 thoughts on “Струјата во прв блок поевтинува за 5,16 отсто, минимално поскапува во трет и четврти блок

  1. jago togel
    Hello there, just became aware of your blog through Google, and found that it’s really informative.
    I am gonna watch out for brussels. I will appreciate if you continue this in future.
    Many people will be benefited from your writing. Cheers!

  2. live chat dewatogel live chat dewatogel live
    chat dewatogel
    I simply could not leave your website prior to suggesting that I extremely enjoyed
    the usual information a person provide in your guests?
    Is going to be back ceaselessly in order to investigate cross-check new posts

  3. slot demo slot demo slot demo
    I have to thank you for the efforts you’ve put in writing this website.
    I’m hoping to check out the same high-grade blog posts by you in the future
    as well. In truth, your creative writing abilities has encouraged me
    to get my own website now 😉

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *