Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за 2018 година изнесува 1.486.050.000 денари што е за три и пол пати повеќе во споредба со претходниот, а најголем дел од средствата, односно 1,19 милијарди денари ќе одат за финансирање на МРТ, МРД и АВМУ, соопшти денеска на прес-конференција ресорниот министер Дамјан Манчевски.
– Со ова обезбедивме, пред се, стабилно и независно финансирање на овие три чинители од радиодифузната дејност. Ова одржливо финансирање на МРТ ќе и даде шанса за развој на автономна и независна уредувачка политика, посочи Манчевски.
Во однос на стратешките проекти со поддршка на ЕУ и други земји пријатели на Македонија, како и со делот на буџетот од развојната програма во вредност од 146 милиони и 540 денари во три капитални проекти, чија цел е модернизација и дигитализација на услугите за граѓаните и бизнисот.
Станува збор за проектот за Централен електронски регистар на населението, нов национален портал за е-услуги, кој ќе ги зголеми бројот на електронски услуги за граѓаните, како и инвестирање во нова побезбедна систем-сала каде на едно место ќе бидат сместени најголем дел од опремата на Министерството која е важна од аспект на национална безбедност и безбедност на приватните податоци на граѓаните.
Во делот на реформите на јавната администрација, истакна дека е изработена Стратегијата за реформа на јавната администрација, која треба да биде испратена до Владата пред крајот на оваа година, проследена со соодветен акциски план и буџет. Генерално фокусот во 2018, посочи Манчевски, ќе биде ставен на дигитализацијата како клучен дел на која било реформа на администрацијата во 21 век.
– Целта за модернизација и дигитализација на администрацијата не е само декларативна заложба, туку реална посветеност на Министерството. Во буџетот за 2018 планирано е тоа да се постигне преку стручни усовршувања и обуки на административните службеници, вложувања во стандарди за квалитет (ИСО) и во негово управување (ЦАФ). Развојната компонента во буџето е проектирана оптимално во продуктивни проекти со цел поедноставни и поефтини услуки за граѓаните и бизнисот, рече Манчевски.
Тој го најави и одржувањето на Првиот ИТ- самит на земјите од Западен Балкан чиј домаќин ќе биде Македонија напролет 2018 година. На самитот се очекува присуство на политички лидери од Балканот и ЕУ, како и лидери од ИТ- индустријата и глобалните медиуми.
Wow, superb weblog structure! How long have you ever been running a blog for?
you made running a blog glance easy. The full glance of
your web site is magnificent, as neatly as the content!
You can see similar here najlepszy sklep