Турција, која во текот на историјата имала контакти со Хамас, води преговори со цел да ги ослободи цивилите кои ги држи палестинската милитантна организација, изјави висок турски претставник.
Турскиот функционер посочи дека претседателот Реџеп Таип Ердоган наредил да започнат разговорите, откако оваа недела контактирал со властите на земјите во регионот и им понудил Турција да посредува во израелско-палестинскиот судир, пренесуваат британските медиуми.
-Турција води преговори за цивили кои ги држи Хамас. По наредба на претседателот Таип Ердоган, релевантните институции се ангажирани во процесот, рече неименуваниот турски функционер, без да даде дополнителни детали.
По нападот на Хамас врз Израел во текот на викендот, официјална Анкара покрена дипломатска иницијатива за посредување во конфликтот.
Турските политичари, вклучително и Ердоган, претходно се сретнаа со членови на Хамас, но нема извештаи за контакти на Анкара со палестинската организација од избувнувањето на последниот конфликт.
This was such an interesting read! I chuckled a few times. For more laughs and insights, visit: DISCOVER HERE. Anyone else have thoughts on this?