ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“
Се запознав со Хомер Финфрок, менаџерот на Одделот за табулација и со Бил Бекер, асистент менаџер. Бил стана еден од моите најдобри пријатели – всушност, тој беше и причината поради која дојдов во Нејплс години подоцна. Тој таму се пензионираше.
Нашите менаџери главно беа обични луѓе. Мислам дека ниту еден од нив, освен можеби повисоките службеници, како Џон Лаферти, немале ниту факултетско образование.
Дик Силер – тој беше од едно фармерско гратче во близина, Гринвил – ги составуваше финансиските извештаи за целата корпорација.
Дон Оглсби имаше фарма во Пика и беше од оние добри стари момци. Тој ја држеше касата за тековните трошоци.
Берни Кембел се справуваше со даноците на Хобарт.
Карл Голдбах – тој знаеше се. Ако имав некое прашање на кое никој друг не знаеше да ми одговори, сите велеа „Оди кај Карл“. Ќе ми кажеше да почекам неколку минути додека да го заврши тоа што го работеше. Потоа ќе ми речеше „Дојди со мене.“ И тогаш ќе ми одговореше.
Никој од нив немаше завршено факултет. Тие пак, нас не не сметаа за важни и моќни поради тоа што имавме диплома од колеџ. Тие имаа нешто што ние го немавме, а тоа беше искуство.
Времето беше токму како што треба за да се развие една уникатна компанија како Хобарт. Денес, тоа би било невозможно да се направи, според мојот пријател – а едно време и шеф
– Харланд Мишлер:
„Немавме некоја група на луѓе кои беа подобри од другите. Луѓето беа посветени на своите семејства. Имавме компанија посветена на своите семејства.“
Тоа беше Хобарт во тоа време. Ние го претворивме во поинаков Хобарт.
Крива на учење
Кога и се приклучив, не знаев колку е Хобарт добра компанија. Во 1959 година, Хобарт соработување на деловен план со 100 земји. Тој број експоненцијално се зголемуваше до времето кога јас си заминав. Таа беше Кадилак во индустријата, во времето кога Кадилак се сметаше за најдобар автомобил на патиштата во Америка.
Имаше и комерцијален и малопродажен оддел, овој вториот се викаше Киченеид (KitchenAid). Нивните апарати за домаќинство се уште се сметаат за врвни за домашни кујни во САД. Секој вработен во Хобарт се стремеше да има по една од овие исклучилено издржливи – и скапи – машини за миење садови и миксери.
Всушност, проблемот со апаратите на Хобарт беше што беа толку добро направени што никогаш не се расипувале. Кај производите на Хобарт немаше поим за застареност.
Забелешка: Во 1991 година, компанијата организираше натпревар во потрага по најстариот Хобарт миксер кој сè уште работи. Имаше 6.000 пријавени, а победник беше C-210 од 1919 година, комерцијална машина од 10 кварти, која сè уште се користеше во пекара во Форт Смит, Арканзас. Тоа се 72 години работа!
Правевме миксери, лизгачи и секачи и мелници, ваги, машини за миење садови од сите големини, од огромни за болници до мали што може да се постават во бродови. И бевме почитувани во индустријата. Со Мајк Елингсон од одделот за продажба кој работеше на тоа, ние, со Националната асоцијација на супермаркети, дури помогнавме да се развијат UPC кодовите што денес ги гледате на сите видови производи за широка потрошувачка.
Хобарт беше многу конзервативна компанија. Немаше апарати за кафе, немаше автомати за кока-кола. Бевме таму да работиме. Можеше да се напиете кафе за време на вашиот ручек, но не на вашата маса. Но, ги натеравме да ни дозволат да правиме роденденски забави со торта.
Фабриката Хобарт во 1904 гофина
Еден Божиќ некако добивме дозвола од Карл Хувер дури и да внесеме колачиња. Карл Голдбах рече: Добро, бидејќи е така, јас ќе си донесам кафе. Сем Кункл, менаџерот на канцеларијата, го запре. Не можете да пиете кафе, рече тој.
Тој не доби дозвола.
Тоа навистина ги повреди чувствата на Карл. Но, имаше правила за се. Масите со темна горна површина беа за мажите. На жените, дури и на оние кои доаѓаа како професионалци за маркетинг или персонал, им беше издадено секретарско биро со бела горна површина. Имаше специфичен список за тоа што требаше да се спаси од просторијата за состаноци на одборот во случај на пожар.
Немавме климатизација. Ги отворавме прозорците да се оладиме. Се сеќавам дека бев во канцеларијата на менаџерот за плати Сај Сиболд едно попладне кога температурата на неговиот ѕиден термометар покажуваше 95 степени! (35 Целзиусови). Но, тоа, како и земјата, ќе се измени.
Ново доба, нови работни места, нова дирекција
Џон Лаферти и јас не бевме слични во многу работи. Тој беше постар од мене. Тој беше поранешен војник. Тој беше плодотворен писател. Тој беше првиот човек во Хобарт кој ги документираше работите.
Службениците веројатно се нервирале, но и веројатно им пречело тоа што тој е секретар на секоја комисија, самоименуван. Се разбира, кога пишувате многу на тој начин, знаете што може да се случи. Вие вметнувате сопствено влијание во тоа.
Со години само знаев дека тој ме вработи и немав многу контакти со него. Но, кога решивме да ја претставиме потребата од компјутери, тој мораше да биде типот што рече: „Ставете го Лу во комисијата“. Тоа суштински ја промени мојата патека на движење. Да не беше Џон, можев да ја поминам кариерата во општо сметководство.
Кога се преселивме во нашиот дом во Литлџон Роуд (Littlejohn Road) во Трој, тој живееше една улица подолу. Никогаш не го почувствував тоа тогаш, но гледајќи наназад, знам дека внимаваше на мене.
Џон беше лидер на компјутерска физибилити студија за компанијата; без него, никогаш немаше да навлеземе во тоа во времето кога влеговме. Знаевме дека тоа мора да се направи. Знаевме и дека малку доцнивме во играта. Не знаевме многу за компјутерите, а искрено, не знаеа ниту консултантите.
И штом нашата физибилити студија беше завршена, организиравме Оддел за обработка на податоци. Бев унапреден во асистент супервизор на новиот оддел во 1965 година. Требаше да дознаеме како да ја компјутеризираме нашата компанија. Бил Бекер и нашиот прв програмер, Боб Дили, и јас во суштина бевме единствените во одделот.
Стана познат како Дизниленд. Перцепцијата беше дека го правиме Мики Маус. Но, нашите резултати требаше да го доведат Хобарт во ерата на технологијата.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
casibom 158 giris: casibom guncel – casibom guncel
casibom guncel
farmacias online seguras en espaГ±a: gran farmacia online – п»їfarmacia online espaГ±a
farmacia barata: cialis en Espana sin receta contrareembolso – farmacia online envГo gratis
viagra online cerca de zaragoza: viagra generico – comprar viagra en espaГ±a envio urgente contrareembolso
Farmacie online sicure: Farmacie on line spedizione gratuita – top farmacia online
esiste il viagra generico in farmacia: viagra senza prescrizione – viagra 100 mg prezzo in farmacia
cialis farmacia senza ricetta: viagra senza prescrizione – viagra prezzo farmacia 2023
farmaci senza ricetta elenco: BRUFEN 600 bustine prezzo – farmacia online senza ricetta
comprare farmaci online all’estero: Farmacia online migliore – Farmacia online miglior prezzo
farmacie online affidabili: Cialis generico farmacia – farmacia online senza ricetta
prednisone price canada: how to buy prednisone – prednisone 20mg by mail order
neurontin price uk: how to get neurontin – buy neurontin online
canada buy prednisone online: prednisone daily – over the counter prednisone cream
lasix generic: cheap lasix – furosemida 40 mg
buy prescription drugs from india: indian pharmacy – reputable indian online pharmacy
buy drugs from canada: Cheapest online pharmacy – canadian drugs