ЛУ (ИЛИЈА) ВЛАШО – ПОЧИТУВАН АМЕРИКАНЕЦ И ПОЧЕСЕН МАКЕДОНСКИ КОНЗУЛ (3)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Во знак на благодарност на Лу Влашо за неговиот ангажман за работата и напредокот на македонската кауза, Владата на Република Македонија го назначи за почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави во 2007 година. Почесниот конзулат беше отворен во Нејпл, Флорида, во февруари 2008 година. Таа е годината во која Лу Влашо беше награден со специјалниот крст на „Свети Станислав“ за добротворни услуги.

Соединетите Американски Држави, татковината на Лу Влашо имаат бурна и богата историја од своето формирање па до ден-денес. Aмерика отсекогаш била „ветена земја“ за Европејците, односно народите од другата страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето па до денес.

Името и делото на Лу Влашо е тесно поврзано со неговата татковина, Соединетите Американски Држави (САД). Таа е земјата во која бизнисменот Лу Влашо живее, твори, се развива, проширува, опстојува и постигнува напредок во бизнисот, „ветената земја“, како што ја нарекуваат Македонците и другите доселеници.

Тоа е сојузна држава во Северна Америка, сместена меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, составена од 50 држави и еден округ. Заедно со Алјаска и Хаваите, таа е една од најголемите земји во светот, во која живеат над 250 милиони жители. Најголем број Американци се доселени од Европа, првенствено од Велика Британија и од Ирска, потоа од Германија, Италија, Франција, Русија (од Октомвриската револуција), од Полска, Норвешка, Шведска, и бројно Афроамериканско население, Индијанци, Јапонци, Кинези, Евреи, Македонци и други народи.

Главен град е Вашингтон, кој се наоѓа во сојузниот округ Колумбија и заедно со предградијата има повеќе од три милиони жители. Други важни метрополи се: Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес, Мајами, Филаделфија, Детроит, Бостон, Балтимор, Кливленд, Сан Франциско и други. Таа родната земја на бизнисменот Лу Власо, но тој е вљубеник и во татковината на своите родители Македонија, особено во Егејскиот дел на Македонија.

Лу Влашо беше силен поборник за независноста на Македонија. Меѓу другото, тој помогна во олеснување на програмите за стипендии на Универзитетот во Охајо, кои им овозможија на бројни македонски студенти, кои добија стипендија, во САД, која донесе бројни македонски студенти кои добија стипендии во САД. Неговата визија за менторство на овие студенти помогна тие да се интегрираат во американското општество и да бидат еден вид амбасадори за Македонија.

Лу Влашо е почесен член на Советот на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД), за неговиот придонес, особено помагајќи во развојот на првиот пратеник на Конгресменската пратеничка група за Македонија и проширување на македонско-американците односи, како и добивање на потребната поддршка од Конгресот за членство на Македонија во НАТО.

Во податоците во историјата на Лу Влашо е забележано дека неговата прва сопруга починала по триесет и осум години брачен живот.

По смртта на неговата сопруга Џанет, Луј се сретнал со неговата втора сопруга Патриша (Пети), позната американска активистка на хуманитарен и општествен план. Патриша и Луј се личности за почит и пример. Тие се гостоприемвливи, разговорнии и многу се интересираа за состојбите во Македонија, особено за Егејска Македонија.

Лу Влашо е жител во Нејплс од 1989 година. Таму престојува со сопругата Патриција (Пети), во заливот Пеликан, на Флорида, а од скоро време се преселија во центарот на градот. Лу и Патриша се членови на Обединетата методистичка црква на Северен Нејплс.

Лу има два сина, Винс кој е дипломиран на поморската академија на Соединетите држави, а во моментов живее во областа Вашингтон со сопругата Џери двете ќерки, Меган и Алексис, а другиот син Стив, дипломиран на Државниот универзитет во Охајо, кој живее во областа на Лос Анџелес со неговата сопруга и двата сина Џексон и Рикер. Ќерката, пак, на Патриша, Ерика, живее во Њујорк со својата ќерка Бритиани.

За авторот на овој текст Славе Катин ќе остане во сеќавање средбата со Луј Влашо во ресторанот „Вергина“ (Кутлеш, Палатица) во Нејплс, во хотелот на кој пред повеќе години менаџер беше токму Луј Влашо, кога и за прв пат се сретнаа. Хотелот е еден од интересните објекти и се наоѓа во центарот на градот, на главната улица, а ресторанот „Вергина“ е дел од луксузниот хотел на македонскиот бизнисмен Ристо Гуштеров. Во ресторанот на еден од ѕидовите е насликата битката на Ис, каде Александар Македонски (Велики) ја извојува голема победа против персискиот цар Дариј. Ресторанот бил крстен по македонското 16-крако Снонце од Вергина.

1glasaj1234

Таа средба со Џорџ Атанасовски во „Вергина“ пред десет години, беше во македонски амбиент под македонското сонце, кога се договоривме со бизнисменот Атанасоски  да напишам монографија за неговиот живот и дело во САД и во Македонија.

Според договорот јас подготвив две изданија на професионални монографии кои се лика и прилика за најзначајните дела што овој бизнисмен ги постигнал на сите полиња. Истовремено монографиите се огледало за него и гордост за Македонија исполнети со материјали од античко до денешно време. Сличен, или идентичен разговор во истиот ресторан водев и со Луј Влашо.

Втората средба со Лу Влашо беше пред две години повторно во ресторанот „Вергина“. Всушност бевме договорени да се сретнеме со Лу Влашо, со Џорџ Атанасоски и неговата Марија, како и со поранешниот директор на списанието „Македонско сонце“, Елизабета Андоновска. Средбата беше многу срдечна, пријателска, македонска. Разговаравме за многу работи кои се однесуваат на збиднувањата, напредокот и иднината на македонските иселеници, македонската вистина и за Македонија.

По разделбата со Џорџ Атанасоски, ние со Луј појдовме во неговиот дом кој се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Хилтон“, каде јас престојував неколку дена. Во луксузната вила на Лу се сретнав со неговата сопруга Патриша, позната американска активистка на хуманитарен и општествен план. За Патриша (Пети) и Луј со право се вели дека тие се личности за почит и пример од кои можат и треба да се огледаат и други Американци од македонско потекло.

Продолжува

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *