Шефот на дипломатијата, Бујар Османи на маргини на Министерскиот состанок на НАТО во Брисел разговараше со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.
Во фокусот на разговорите беше соработката и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, регионалните актуелности, поддршката за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, како и политичките состојби во земјава, соопшти МНР.
Шоле и Блинкен изразија силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, што е споделен стратешки интерес на земјава и САД и влог во целокупната регионална стабилност.
Министерот Османи денеска, се наведува во соопштението, ја продолжува посетата на НАТО во Брисел, втор ден од НАТО Министерскиот состанок со средби со негови хомолози.