Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.
Како што е најавено, Пендаровски денеска во Абу Даби ќе биде примен од Шеик Мохамед бин Зајед бин Султан Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби.
Во состав на официјалната делегација за време на посетата на ОАЕ, информираа од кабинетот на Пендаровски, е и министерот за финансии, Фатмир Бесими.
За време на официјалната посета, предвидено е претседателот Пендаровски да положи цвеќе на Вахат Ал Карама (Оаза на достоинството) и да оддаде почит на мачениците и хероите на Обединетите Арапски Емирати.
Great job on this article! Its both informative and engaging. Im curious about your thoughts. Click on my nickname for more discussions!