Желбата на Стево за музиката, за свирењето не можеле да ја поколебаат ни студот ни гладот. Имал голема желба повторно да дојде до свој нов инструмент, бидејќи, додека војувал во партизанските одреди, неговиот брат ја продал хармониката на која дотогаш свирел Стево Затоа, со новата хармоника неговата свирка била очекувана со посебно внимание и тој бил поздравуван со воодушевување од гостите, кои доаѓале да го слушаат младиот хармоникаш
Стево Теодосиевски се вратил од Белград во Кочани. Кога дошол дома, веднаш се зафатил со работа како градинар и воденичар кај татко му. Останал извесно време, ама сметал дека ќе му биде подобро ако стане келнер во кафеаната на неговиот брат Јордан. Јордан бил тазе оженет, а неговата избраничка Катерина, во мираз му донела машина за шиење. Стево кроел планови, како да побара од братот, да се согласи, таа мираз – машина да ја замени за хармоника. Барал илјада начини како да го изведе тоа и како да му каже, а да не биде одбиен и разочаран.
Најпосле собрал храброст и му го кажал таквиот предлог на својот брат. За негова среќа, Јордан се согласил „сингерицата“ да ја замени за хармониката „хокнер“, за конечно Стево да го добие тоа што многу одамна го сакал. Веќе знаел да отсвири пет-шест шлагери. Додека не научил поширок репертоар тие како мал бенд, ги забавувале гостите со музика која веќе станала барана.
Неговата свирка била очекувана со посебно внимание и тој бил поздравуван со воодушевување од гостите, кои доаѓале да го слушаат младиот хармоникаш. Кога ќе го исвирел репертоарот, песните што ги знаел, во продолжение, за да не биде глуво во ресторанот, пуштал музика од грамофон. Полека тоа место станувало своевиден прв диско-клуб во Кочани, и било доста интересно катче за луѓето.
Итриот Стево успеал да ги измами, насамари и исмее и бугарските окупатори. Го викнале по повод некој нивни празник да им монтира разглас и да пушта маршеви и снимани говори. Тогаш им направил баш диверзија. Имено, ја пуштил плочата со говорот и почнал да ја мрда, па наместо говорот на генералот, плочата почнала да завива како сирена.
Споменик на револуцијата во Кочани
Веднаш се возбудиле окупаторите, како тоа да се случи диверзија, бидејќи настанот кој го планирале да биде свечен чин за нивниот национален празник, доживеал фијаско. Пропаднале и огнометот и митингот, а откако народот почнал да се исмејува, бугарските офицери се нафрлиле на Стево и почнале силно да го тепаат. Тој едвај спасил глава и веднаш завршил во затвор.
Утредента неговиот татко со неколкумина сограѓани отишле да побараат од џандарите да го пуштат малолетниот син. Бидејќи окупаторите немале доказ за вината на Стево, попуштиле под притисокот и барањата на луѓето и тој утрината излегол од затворот.
Кога ги залекувал последиците од крвничкото тепање, решил да замине во партизани, за да се бори, а ако треба и да гине за слободата на својата земја Македонија. Се приклучил во Четвртата македонска бригада како млад партизан, каде комесар бил Кирил Михајловски-Груица, а потоа и Раде Гогов-Црноречки. Стево бил бестрашно момче. Се стекнал со име и имиџ на храбар родољуб, кој во борбите и акциите на бригадата многу смело јуришал напред.
Често пати прв се јавувал за да оди во извидница откривајќи ги дувлата на непријателските формации. Храбро чекорел низ планинските масиви, на тешките боишта, и насекаде каде што било неопходно, младиот кочанчанец бил во првите борбени редови. Подоцна Стево бил повикан во штабот од генералот Михајло Апостолски до кого седел и Светозар Вукмановиќ-Темпо.
Бидејќи Стево Теодосиевски се истакнувал со борбеност и храброст, го забележале сите наоколу, го предложиле да замине на воено-политичка школа во Советскиот Сојуз. Но, „воената иднина“ не била неговата опција и желба, туку трајната определба на Стево била музиката и ништо друго.
Кога им го кажал тоа отворено на старешините, тие толку биле лути, што го лишиле и од оној чин кој заслужено го добил, и уште, пак, по казна, бил испратен во воена единица на граничниот појас со Грција. Каде и да бил, Стево секогаш бил максимално подготвен, храбар и воинствен.
По завршувањето на војната, станал возач на камион со приколка, сопственост на Шумското стопанство од планината Плачковица. По цел ден превезувал големи столетни стебла од шумата, работел дури и во две смени, само за да заработи и да може, час побргу, да си купи хармоника. Имал голема желба повторно да дојде до свој нов инструмент, бидејќи, додека војувал во партизанските одреди, неговиот брат ја продал хармониката на која дотогаш свирел Стево.
Со итрина и досетливост успеал во намерата. Купил и наполнил цел куфер од белото злато-оризот и отишол во Белград да го продаде на пазарите. Бргу го продал и последниот грам од квалитетниот кочански ориз, и со парите што ги зел, отишол во чаршијата и веднаш си купил половна хармоника. Просто не му се верувало дека ја има „фронталината“ со 96 баса, па ниту проверувал дали таа е исправна, туку целиот радосен ја зел и веднаш си заминал дома.
Оваа хармоника ја користел извесно време, но кога спечалил уште повеќе пари, таа и онака фалшива, ја продал, и купил сосема нова хармоника „хонер“ со 120 баса, и два механички регистра. Кога го возел камионот никој не смеел да седне на совозачкото седиште, тоа место било резервирано само за хармониката на Стево. Секогаш додека чекал да биде натоварено возилото, го користел времето и вежбал без престан.
Желбата на Стево за музиката, за свирењето не можеле да ја поколебаат ни студот ни гладот. Една така фанатична упорност и желба да успее, ја платил со своето здравје. Некаде во 1948 година, се разболел со тешки маки во градите. Морал да оди во санаториумот во Сурдулица, за да не земе пофатален замав неговата влошена здравствена состојба. Ама едно зло, никогаш не оди само.
Токму во тоа време, заминал од овој свет неговиот татко Петруш, еден од столбовите на семејството Теодосиевски. Само нешто потоа, Бог го простил и неговиот помал брат Љубомир, кој, исто така, боледувал во градите. Многу тешки загуби и голема тага го завила семејството на Стево, кој во тешката болка наоѓал утеха учејќи ноти, бидејќи знаел дека тоа ќе му треба за да продолжи понатаму во животот.
По цела една и пол година, сосема излекуван се вратил дома. Во Кочани започнал да фотографира и така да заработува, но, што и да правел, неговата прва и најголема љубов била музиката. Секој слободен момент го користел да вежба, да учи и да свири. Успеал да купи нова хармоника „велтмајстер“, со 18 регистри. Бидејќи веќе кога свирел прстите ги чувствувал сè посигурно, затоа и решил да бара решение за да продолжи да се пробива во Скопје. Во големиот град имал можност подобро да се промовира и да направи кариера, меѓу поекспонираните естрадни имиња.
Веќе бил сѐ посамоуверен, сѐ подобар, нудел поширок репертоар. Се снаоѓал. Настапувал по кафеани, барови и на разни приредби. Кога дошол до некоја пара, успеал да земе под кирија мала соба и во неа да си ја донесе и својата мајка Параскева (Паца), за да живеат во центарот на Скопје.
Во исто време од еден професор по музика, земал часови по солфеж, теорија на музиката и на инструментот. Името на Стево станувало сè попознато и попознато. Така и бил примен како квалитетен кадар во Народниот оркестар на Радио Скопје. Во оркестарот требало да свири контрабас кога веќе хармоникашите ги имало доволно.
Од рано утро, па сѐ до полноќните часови, биле во студиото на Радиото. Со другите музичари влегувал во пет часот наутро, и бидејќи имале по неколку емисии, тие морале постојано да бидат во форма и подготвени за да ја фатат интонацијата, да издржат и да го отсвират најдобро што е можно тоа што се барало од нив.
Времето поминато во Радио Скопје било едно од многуте значајни искуства, професионално калење и голема школа. Особено, кога гостувале музичари кои веќе имале силни гласовни квалитети и изградено име и стил. На пример, гостувале Радојка и Тине Живковиќ, Царевац, Крњевац, и други. Стево свирел и во Тамбурашкиот оркестар и со други музички тајфи.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Wow, awesome weblog layout! How lengthy have you ever been blogging for?
you made blogging look easy. The full glance of your site
is great, as well as the content material! You can see similar here e-commerce
Howdy! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine Optimization? I’m
trying to get my blog to rank for some targeted keywords
but I’m not seeing very good results. If you know of any please share.
Many thanks! I saw similar article here: GSA Verified List