Центарот за македонски јазик во Грција достави официјално барање за изучување на македонскиот јазик во регионите со етничко македонско население во Грција

И покрај обидите на грчките власти да се затвори Центарот за македонски јазик во Грција, тој продолжува да работи и во изминатите денови достави официјално барање до грчкиот министер за образование за воведување настава на македонски јазик во деловите на Грција каде има етничко македонско население.

Официјалното барање до министерот Ники Керамеос гласи:
Барање за воведување на македонскиот стандарден јазик како изборен предмет во основните и средните училишта во областите на северна Грција

Во писмото, Центарот објаснува дека тие се регистрирана организација во Грција чија основна цел е зачувување и негување на македонскиот јазик во Грција.

Точниот број на македонски говорници во Грција не е познат, бидејќи податоците за јазичната разновидност не се собираат во националниот попис. Меѓутоа, македонскиот јазик традиционално се зборува (во различен степен) во многу градови и во стотици села, дваесетина општини во земјата.

Според нашиот статут, една од нашите главни цели е да го поддржиме идното воведување на македонскиот стандарден јазик како изборен предмет во државните училишта (основни и средни) и универзитетите во Грција, лоцирани во регионите на Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија, Македонија, Македонија и Тракија. Дополнително, го поддржуваме идното формирање на педагошки училишта/одделенија на постоечките универзитети во Грција за развој на локални наставници по македонски јазик, како и наставни програми и наставни материјали, стои во барањето.

Претставниците на Центарот за македонски јазик бараат средба со грчкиот министер за да објаснат зошто е потребно македонскиот јазик да се изучува како пилот проект, пред финално воведување во наставата, барем во едно училиште од секој од наведените региони.

Претходно јавното обвинителство во Лерин поднесе тужба за укинување на Центарот за македонски јазик, а обвинителката се повикува на Преспанскиот договор според кој, како што вели таа, нема Македонци надвор од територијата на Република Македонија и дека во Грција постои обид вештачки да се произведе македонско малцинство.

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *