Пораки од меѓународните претставници да се донесат уставните измени, дебата и за владиното мнозинство

Постапката за уставни измени, според последните најави, би почнала најдоцна во јуни – јули годинава, а повици за нивно усвојување и деблокада на преговорите за членство во Европската унија беа упатени и вчера од претставници на меѓународната заедница. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, останува на ставот за предвремени парламентарни избори, порачувајќи дека никој нема добиено мандат на избори за да го менува Уставот. Во меѓувреме, Алијанса за Албанците ги продолжува внатрешните консултации дали да стане дел од владиното мнозинство, за што ќе носи конечна одлука в петок.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера изјави дека постапката за уставни измени  би требало да почне најдоцна во јуни – јули годинава за да заврши до ноември, кога завршува и скринингот од ЕУ.

Џафери не смета дека избори ќе го решат проблемот со немањето доволно гласови за уставни измени, туку дека тоа ќе ја искомплицира целата работа. За тоа како да се надмине проблемот со мнозинството претседателот на Собранието порачува власта и опозицијата да седнат да разговараат.

-Јас можам да распишам избори само во моментот кога ќе се согласат политичките партии да се распушти Собранието или кога ќе заврши маднатот во последните 90 дена. Во други услови партиите треба да излезат со соодветен предлог, рече Џафери на брифинг со медиуми.

Амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, пак, вчера од Гостивар порача дека уставните измени треба да се усвојат за земјава да се придвижи напред.

Пратениците, како што истакна, треба да гласаат за да има напредок.

– Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но е неопходен за движење напред. Пратениците треба да гласаат за уставните промени, за државата да може да се придвижи напред со дискусиите и процесот за интеграција и пристапување кон ЕУ. Според мене, тоа е клучно, бидејќи таму лежи успешната иднина на оваа земја, рече Агелер.

Порака за уставните измени кои се предуслов за продолжување на преговорите вчера упати и шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин.

– Договорот постигнат со посредство на Франција, кој доведе до отворање на пристапните преговори со Северна Македонија минатата година, вклучуваше обврска за измена на Уставот. Се разбира, важно е да се спроведат преземените обврски, со цел да се гледа како на доверлив партнер и да се оди напред во процесот на пристапување, рече Ларсон Џаин во интервју за еден медиум.

Оценувајќи дека државава имала импресивен почеток на процесот на скрининг, кој започна минатата година, порача дека домашните реформски напори се клучни за продолжување на овој напредок, со вистинска посветеност на сите засегнати страни, како и со национална сопственост, отчетност и транспарентност.

Според премиерот Димитар Ковачевски и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир, за Северна Македонија 2023 година е значајна во однос на напредокот по европскиот пат, поради што е неопходна и кохезија околу реализацијата на оваа државна стратешка цел.
Тие вчера на средба оцениле дека геополитичката ситуација ја покажа потребата од јасна политичка ориентација на целиот Западен Балкан, каде што географски и припаѓа регионот. Дека за ова постои свесност и во Европската Унија и после 17 години од кандидатскиот статус и јулското отворање на преговорите лани, ова е момент што Република Северна Македонија годинава не треба да го пропушти.
 Ковачевски нагласил дека Владата работи на справувањето со предизвиците од економско-енергетската криза, на потребните реформи и со европски начин на однесување во добрососедските односи.
 Изразил уверување дека нема да се дозволи, провокациите коишто доаѓаат од трети страни да наштетат на европската агенда на државата и на билатералните односи со Бугарија.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, изборите се единствениот начин граѓаните да кажат како мислат дека државата треба да се движи во наредниот период.

-Во Македонија на последните избори никој не доби мандат за промена на Уставот, ниту една партија не го претстави ова во својата програма. Затоа сметам дека предвремените избори се единствениот начин граѓаните да кажат што мислат и како мислат дека Македонија треба да се движи во наредниот период, рече Мицкоски, во интервју за српска „Политика“, на прашањето зошто не се согласува со промена на Уставот и бара вонредни парламентарни избори.

Тој посочува дека европската интеграција на која било земја не треба да биде условена со субјективни политички критериуми, туку, како што вели, исклучиво да зависи од општи и објективни критериуми кои важеле за сите. – Непринципиелноста раѓа неправда, а неправдата раѓа фрустрација и апатија кај граѓаните. Земјите од Западен Балкан имаат сериозен предизвик пред себе да ги достигнат Копенхашките критериуми, иако сум убеден дека тие се многу поподготвени во оваа фаза отколку другите земји кога се приклучија на ЕУ во минатото, вели Мицкоски.

Според најавата од лидерот на АА, Арбен Таравари одлуката за евентуален влез на оваа партија во Владата ќе биде донесена в петок за кога е закажан состанок  со централното претседателство.

 

Според Таравари, АА  е подготвена да оди на предвремени избори во јуни или септември годинава, но само доколку добие гаранција од политичките субјекти, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе почне процесот за уставни измени и во тој случај нема да влезе во Владата. Доколку, пак, добие гаранции дека може да се постигне бројката од 80 гласа, тогаш ќе почне преговори за влез во Владата.

Како што рече синоќа во телевизиско гостување  Таравари, Алијанса за Албанците е се уште опозициска партија и се уште е се во игра. Во партијата има ставови про и контра. Во петок, централното претседателство ќе одлучи дали ќе станат дел од Владата.

Според Таравари, јасни се пораките од меѓународните претставници – дека уставните измени мора да се донесат за земјата да се придвижи напред.

– Да влезеш во Влада со скандали е тешко и тоа може да ни се одрази на рејтингот, но некогаш граѓаните и општеството се побитни од партијата. Ако имаме гаранции дека може да се постигне бројката од 80 гласа, тогаш може да почнеме преговори, ако не, ќе размислиме и ние. Не сакаме да го рискираме нашиот рејтинг. Но, ги гледате пораките на сите релевантни чинители – сите велат добро е земјава заедно со Албанија да ги продолжи преговорите. Многу е неодговорно да речете „одиме на избори“. Пораките од меѓународниот фактор се „почнете ги преговорите“. Ако Владата потврди дека може да обезбеди 80 гласа, тоа е услов. Да направиме консензус дека го отвораме Уставот и тогаш да, да одиме на предвремени избори во јуни или септември, во таков случај не влегуваме во Влада. Значи, не би влегле во рискантен потег ако не се направат уставни измени. Ако имаме гаранција од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги почнеме уставните промени, да ги поминеме двете фази и во јуни или септември да одиме на избори. Заедно да најдеме решение, да најдеме 80 гласа и да ги почнеме преговорите, рече Таравари во телевизиско гостување.

Од Алтернатива, еден од помалите коалициски парнери во власта, сметаат дека нема потреба да се преговара со АА, а улогата на оваа партија во Владата, според нив би била „да го амортизираат расколот во ДУИ“.  Од Демократскиот сојуз, пак, најавија поддршка на реконструкција на Владата само доколку се обезбеди соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, што е во согласност со Амадманот 6 од Уставот.

По завчерашната средба на премиерот Димитар Ковачевски со коалициските партнери, претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова потврди дека се разговарало и за можноста за окрупнување на владиното мнозинство. Дали ќе дадат поддршка за тоа Алијансата за Албанците да влезе во владината коалиција, според Зајкова, ќе зависи од програмските цели на таа коалиција.

-За нас, се што значи движење на брзиот воз на Европската Унија и европска агенда, ние даваме поддршка, меѓутоа кога влегувате во една коалиција мора да знаеме кои ќе бидат програмските цели на таа коалиција, за што таа коалиција ќе се залага и која е целта, изјави вчера Зајкова, според која процесот за уставните измени треба да започне и секој пратеник индивидуално одлучува за тоа каква одлука ќе носи понатаму врз основа на својата визија за иднината и развојот на државата.

Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов во изјава за медиумите пред почетокот на  средбата со коалициските партнери рече дека остануваат на ставот околу можното проширување на парламентарното мнозинство, дека ќе поддржат реконструкција на Владата само доколку се обезбеди соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, што е, поте нцираше дека е во согласност со Уставот и Амандманот 6.

 

27 thoughts on “Пораки од меѓународните претставници да се донесат уставните измени, дебата и за владиното мнозинство

  1. Wow, superb blog layout! How lengthy have you been running a
    blog for? you made running a blog look easy. The total look
    of your website is magnificent, let alone the content material!

    You can see similar here e-commerce

  2. Hi, I do think this is a great site. I stumbledupon it 😉 I’m going to come back yet again since i have book-marked it.
    Money and freedom is the best way to change, may you be rich
    and continue to help other people. I saw similar here:
    Najlepszy sklep

  3. Wow, incredible weblog structure! How lengthy have you ever
    been blogging for? you made blogging look easy. The entire glance of your web site is
    magnificent, let alone the content! You can see similar
    here najlepszy sklep

  4. Normally I don’t learn post on blogs, however I would like to say that
    this write-up very compelled me to check out and do so!
    Your writing style has been surprised me. Thank you, very great post.
    I saw similar here: E-commerce

  5. Hi! Do you know if they make any plugins to help with SEO?
    I’m trying to get my blog to rank for some targeted keywords but I’m not seeing
    very good gains. If you know of any please share. Thanks!
    You can read similar art here: Dobry sklep

  6. Good day! Do you know if they make any plugins to help with Search
    Engine Optimization? I’m trying to get my website to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good success.
    If you know of any please share. Thank you! I saw similar article here: Auto Approve List

  7. Hey there! Do you know if they make any plugins to assist with SEO?
    I’m trying to get my website to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good success.
    If you know of any please share. Appreciate it!
    You can read similar art here: Best escape rooms

  8. I’ll immediately take hold of your rss feed as I can’t in finding your email subscription hyperlink or newsletter service. Do you’ve any? Please permit me realize so that I could subscribe. Thanks!

  9. Howdy! Do you know if they make any plugins to assist with SEO?
    I’m trying to get my website to rank for some
    targeted keywords but I’m not seeing very good success.

    If you know of any please share. Thanks! You can read
    similar art here

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *