Македонците по потекло од Мала Преспа во Канада ја одбележаа Православна Нова година

Македонците со потекло од Мала Преспа, што живеат во Канада, заедно со околу 800 Македонци од татковината Македонија ја одбележаа православна Нова година-Василица, која по традиција се прославува секоја година во организација на Македонската црква „Свети Илија“ од Мисисага, јави весникот „Македониум“.

– По пауза од две години, поради пандемијата и годинава одбележувањето на православна Нова година – Василица се одржа на 14-ти јануари во салата „Чанди Викторија“ во Мисисага. Управата на црквата предводена од претседателот Ацо Крстевски срдечно ги пречекаа многубројните Македонци од сите делови на пошироката област на Торонто, наведува весникот.

На задоволство на Македонците заедно со нив била и градоначалничката на Мисисага, Бони Кромби која изразила огромно задоволство од средбата со Македонците, што подоцна го споделила на социјалните мрежи, посакувајќи среќна нова година на македонски јазик.

Според весникот, свој настап имал фолклорниот ансамбл ,,Илинден“ од црквата „Св. Илија“, со сплетови на песни и ора од Македонија предводени од претседателот Ненад Попоски и кореографката Орхидеа Димова а во забавниот дел покрај домашната реномирана музичка група „Балкан Ентертејнмент“, учествувале и Стојне Николова и музичарот, клавијатурист Бобан Мојсовски.

 

One thought on “Македонците по потекло од Мала Преспа во Канада ја одбележаа Православна Нова година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *