МД „Илинден“ – Тирана со реакција на плакат на ЦИК: Ние сме македонско малцинство, а не малцинство на Северна Македонија 

Македонското друштво „Илинден“ Тирана реагира на објавениот плакат на Централната изборна комисија (ЦИК) на кој македонското малцинство е наведено како „национално малцинство на Северна Македонија“.
– Најостро реагираме зашто она што пишува Централната изборна комисија е навреда на достоинството и националниот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. Како може на плакатот,  во рамки на програмата за  изборната едукација на припадниците на националните малцинства на јазикот на нивната заедница да стои ваква катастрофална грешка. Ние  сме македонско малцинство или Македонци во Република Албанија,  како што сме признати во Законот за заштита на малцинствата, изјави Никола Ѓурѓај од Македонското друштво „Илинден“ за МИА.
ЦИК за локалните избори, што ќе се одржат на  14 мај 2023 година, првпат во историјата на изборните процеси во Албанија одобри посебна програма за информирање и подигање на свеста на гласачите-припадници на националните малцинство во Република Албанија, вклучително и македонското.
Но, вели Ѓурѓај, нас Македонците не нарекува „национално малцинство на Северна Македонија“ со што никако не се согласуваме и уште утре ќе реагираме до претседателот на ЦИК, Илиријан Целибаши.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *