ОБСЕ претседавањето ќе заврши со најголемата конференција што била некогаш организирана во Република Северна Македонија. Над 70 министри за надворешни работи ќе дојдат во Скопје, од министерот за надворешни работи на САД, на Русија, на сите европски земји, на азиски земји, информира на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој најави дека претседавањето со ОБСЕ ќе не чини пет милиони евра.
Подготовките, како што рече министерот, веќе ги имаат сериозно почнато, бидејќи ОБСЕ има одреден правилник за стандардите коишто треба да се исполнат. Османи посочи оти сметаат дека СЦ „Борис Трајковски“ може да ги задоволи безбедносните потреби за одржување на оваа конференција.
– Тоа не се пари за пи-ар. Претседавањето со ОБСЕ ќе заврши со најголемата конференција која било кога е организирана во земјава. Над 70 министри за надворешни работи ќе дојдат тука. Ние немаме ни соодветен објект во кој може да се организира тој настан, но решивме дека со соодветни доградувања може да се одржи во салата „Борис Трајковски“. Ние немаме ни доволно возила да ги превеземе високите гости и сега бараме начини како да го организираме тоа. Придобивките од претседавањето се поголеми од овие трошоци и во оваа голема инвестиција сме влегле свесно бидејќи е голема промоција за државата, рече Османи.
Министерот сепак смета дека придобивките од самото претседавање ќе бидат многу поголеми отколку трошоците што ги имаме.
– Верувајте ние трошоци имаме секојдненво. Ние имаме голема мисија во Виена, над 11 луѓе можеби секој од нив троши толку годишно во смисла на станови, во смисла на плати, меѓутоа ова е инвестиција во којашто свесно сме влегле и ова е престиж и големо признание за државата. 56 земји да ве изберат со консензус вие да ја претседавате организацијата во најтешката година за организацијата е голема привилегија и можност. Така да, ќе има големи трошоци по пат, ќе се обидеме да бидат минимални, меѓутоа да, ќе има трошоци, рече Османи.
Тој додаде и дека бараат начини како да најдат спонзори по однос на возилата за министрите, за да немаме трошоци. Некои трошоци, вели, ќе зависат од тоа дали ќе најдеме спонзори или нема да најдеме.
– Околу пет милиони евра се предвидени во буџетот. Првично ние побаравме осум затоа што сметавме дека пет може да се потрошат само за настанот. Министерството за финансии ни скрати три, ни даде околу пет милиони вкупно. Е сега ние ќе треба да се адаптираме во рамки на тие средства со настаните и пред се со конфернцијата, заклучи министерот Османи.
Wonderful analysis! Your insights are very enlightening. For more detailed information, check out: DISCOVER MORE. Keen to hear your views!