Разговор на претседателот Пендаровски со припадниците на Армијата распоредени во меѓународните мисии

 Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари видео разговор со припадниците на Армијата кои се распоредени во меѓународните операции надвор од територијата на државата.

Во пресрет на новогодишните празници, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ги поздрави нашите мировници во операцијата на КФОР во Косово, во мисијата УНИФИЛ во Либан, во операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, во мисијата ЕУТМ РЦА во Централноафриканската Република, во НАТО активноста за Зајакнато истурено присуство во Летонија и со припадниците на нашата Армија во мисиите на НАТО во Бугарија и Романија и припадникот на Министерството за одбрана во Ирак.

Во разговорот, претседателот Пендаровски истакна дека земјава високо го цени ангажманот, професионализмот и пожртвуваноста на припадниците на Армијата кои активно придонесуваат кон мирот и безбедноста во светот и претставуваат најважен влог во колективната одбрана. 

Честитајќи им ги новогодишните празници претседателот им посака добро здравје и натамошно посветено извршувањето на задачите бранејќи ги заедничките вредности, мирот, слободата и демократијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *