Повторно светна штитот со сонцето од Кутлеш на споменикот на Александар Македонски во Прилеп

Деновиве целосно се изгланца споменикот на Александар Македонски на плоштадот “Александрија” во Прилеп. Сега споменикот одново свети како кога беше поставен во 2006 година.

Прилеп таа година беше првиот град во земјава каде беше поставен споменик на големиот македонски војсководец Александар Македонски.

Во таа 2006-та година, честа да го откријат споменикот ја имаа донаторот Ѓорѓија -Џорџ Атанасоски и тогашниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото откривање на споменикот беше присутен и Никола Груевски, тогашен премиер на Владата на Република Македонија со своите соработници, како и голем број други видни личности од општествено-политичкиот, научниот и културниот живот на Македонија.

Во чест на подигнувањето на споменикот градоначалникот Марјан Ристески, меѓу другото рече: „Градот под Марковите кули, од овој момент е и градот на Александар Македонски. За овој великан, изминативе години, како историска личност, човек и војсководец се напишани многу текстови, снимени се многу филмови, се дебатирало безброј пати, но само донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и Прилеп направија нешто што ќе биде незаборавно грандиозен споменик на Александар Македонски.

Со склучувањето на Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција, ние се обврзавме и дека Александар е „историска фигура од античката Хеленска историја и цивилизација и дел од светското културно-историско наследство“.

Властите во два наврати го тестираа трпението на прилепчани поставувајќи табли на кои пишуваше:

“Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство”, но истите кратко издржаа.

388 thoughts on “Повторно светна штитот со сонцето од Кутлеш на споменикот на Александар Македонски во Прилеп

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *