Од Минхенската лидерска средба, шефот на дипломатијата, Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, во Букурешт, Романија.
Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на НАТО – министерскиот состанок ќе бидат актуелните безбедносни состојби, ситуацијата во Украина и политичката и практична поддршка од страна на земјите – членки. Воедно, ќе стане збор и за зајакнување на индивидуалната и колективна отпорност на земјите членки наспроти долгорочните предизвици со кои се соочува Алијансата.
-Сојузниците ќе се осврнат и на стратешкото значење на Западен Балкан и Црноморскиот регион за НАТО и во таа насока на потребата од зајакнатата поддршка за земјите партнери изложени во поголем ризик, стои во соопштението.
Wow, incredible weblog format! How long have you ever been blogging for?
you made running a blog look easy. The full look of your website is great, let alone the content material!
You can see similar here sklep internetowy