Германскиот претседател Штајнмајер во официјална посета на државава

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајеркој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и  Германија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Штајнмајер и Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Штајнмајер е предвидено да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети Ветерниот парк во Богданци.

Предвидена е и средба на германскиот претседател со премиерот Димитар Ковачевски попладне во Владата.

Штајнмаер утре во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена земја“. Во попладневните часови ќе ги посети Ветерниот парк во Богданци, а потоа германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.

Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Северна Македонија.

По Северна Македонија, Штајнмаер заминува во посета на соседна Албанија.

 

463 thoughts on “Германскиот претседател Штајнмајер во официјална посета на државава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *