ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН
Монографското дело „Израел и Македонија“ на Славе Катин е во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје и Фондација „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ од Прилеп, издадено во 2017 година, на 376 страници, на англиски, македонски и хебрејски јазик, а рецензенти се Горан Садикарио, Мане Јаковлевски и Берта Романо-Николиќ. Тоа е
прво дело за двете „Свети земји“ Издраел и Македонија, во кое е пренесено авторовото патувањето во Израел кое беше дел од неговите посети на педесетина различни земји ширум светот. Во оваа монографија е пренесено следното:
Зачетоците на христијанството датираат уште од I век во Палестина, која тогаш се наоѓала под власт на Римската Империја. Во почетокот христијанството се проширило меѓу Евреите, за подоцна да се развие и меѓу другите етнички припадници. Првобитните апостоли и мисионери на христијанството биле Евреите, а неговите корени произлегуваат од старозаветниот јудаизам. Како државна религија христијанството, прво, било прифатено во Голема Арменија во 301 година, а во Македонија се појавило во IX век.
Според статистичките податоци, денес, христијаните се најголемата верска заедница на територијата на Република Македонија со околу 65% од населението. Од вкупниот број на христијанско население, околу 95% припаѓаат на православните христијани, 3% на протестантските, додека 1,2% припаѓаат на католичките христијани.
Христијанството во Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал христијанството меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија престојувал четири пати.
Во тоа време Македонија била во составот на Римската Империја, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во „Дела на светите апостоли“, најверојатно, напишано од страна на апостол Лука, каде се вели:
… на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија – помогни ни! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, и следниот ден стасавме во Неапол…
Најголемите историски извори за мисионерството на апостол Павле претставуваат писмените споменици на третиот период од историјата на Апостолскиот век, односно пишувањето на Двете посланија на свети aпостол Павле до Солунците и Посланието до Филипјаните. Двете посланија до Солунците се најрано напишаните посланија на апостол Павле. Тие го сочинуваат едниот од најстарите делови на Новиот завет. И двете посланија апостол Павле ги испратил од Коринт до Солунската црква за време на неговото второ патување.
Солунската црква била една од повеќето цркви во Македонија што биле создадени при второто големо патување на апостолот. Посланијата до македонските цркви претставуваат, пред сé, посланија на комуникација (општење). Оваа карактеристика особено се однесува на Посланието до Филипјаните. Посланието до црквата во Филипи се одликува со исклучително личен карактер и богатство на конктретни историски содржини. Тоа било напишано кога апостолот се наоѓал во затвор.
Градот Филипи станал првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено христијанството. Кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, првата црква на европскиот континент била формирана „во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија“. Изразот „прв“ како што се заклучува според старите монети, се давал како епитет на главните градови на провинции, но и на некои значајни градови, а таков значаен град бил и Филипи, бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски.
Уште со самото пристигнување во Филипи, апостол Павле и неговите придружници започнале да го проповедат христијанството. Слушателите на апостолот Павле, пред сè, биле Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на апостол Павле до Филипијците, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број Евреи и Елини.
Во Филипи, според Новиот завет, се случило и првото крштавање и тоа на света Лидија Македонка. Така, Лидија станала првата христијанка во Македонија и во Европа која го примила христијанството од апостол Павле. Според Евангелието, кога пристигнал во Европа, прво, бил пресретнат од жените, бидејќи тие први се појавиле пред апостолите. Апостол Павле активно ги вклучил и жените во мисионерството и во евангелизацијата во ранохристијанската црква.
Според верувањата, света Лидија била гостопримлива па ги понудила апостолите да живеат во нејзиниот дом. По заминувањето на апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија. Куќата станала првиот христијански храм во Европа, по примерот на домот на Марија, мајката на Исус Христос во Ерусалим.
Откако го оставил во Филипи апостол Лука, апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун. Тоа се случило во пролетта во 50-тата година по патот Виа Игнација, каде според Евангелието по шест дена пешачење пристигнал во Солун. Таму неговата проповед ја прифатиле малкумина од Евреите, додека, пак, поголем број од оние кои го прифатиле неговото учење биле, главно, Македонци и Елини. Апостол Павле, Сила и Тимотеј започнале да го проповедаат Евангелието во куќата на Јасон, во неговата ткајачница и во повеќе приватни домови.
И покрај првичните успеси апостол Павле и неговите помошници морале ноќе да побегнат и да го напуштат градот, бидејќи против нив се побуниле Евреите од Солун, припишувајќи им политички намери „против заповедите на цесарот, изјавувајќи оти има друг цар – Исус“.
Во 51. година, апостолите Павле, Сила и Тимотеј го напуштиле Солун и заминале во Берија, која се наоѓала во третата македонска управна област каде за прв сопатник на апостол Павле станал Сосипатр Пиров. Оставајќи ги Сила и Тимотеја во Берија, свети апостол Павле одлучил да ја напушти Македонија и, по море, заминал за Атина.
Римјаните раните христијани ги нарекувале атеисти, безбожници поради нивното одбивање да ги прифатат римските богови. Првиот поголем прогон на христијаните започнал во времето на римскиот император Нерон. Во 64 година во Рим избил голем пожар. Императорот за подметнувањето на пожарот ги обвинил христијаните наредувајќи им да го напуштат градот.
За време на овој прогон, тие биле распнувани на крст, фрлани во реката Тибар или предавани на дивите животни во амфитеатрите. Меѓу тие први маченици се наоѓале и апостолите Петар и Павле кои биле погубени во 67 година. Најпознат маченик од тој период е свети Димитриј Солунси.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Wow, wonderful weblog layout! How lengthy have you been blogging for?
you made running a blog look easy. The full
glance of your web site is excellent, as smartly as the content material!
You can see similar here sklep
My programmer is trying to convince me to move to .net from PHP.
I have always disliked the idea because of the expenses. But he’s tryiong none the less.
I’ve been using WordPress on various websites for about a year and am nervous about switching to another
platform. I have heard good things about blogengine.net.
Is there a way I can import all my wordpress posts into
it? Any help would be greatly appreciated! I saw similar here: E-commerce
Hello to all, the contents present at this web page are really remarkable for people knowledge, well, keep up the nice work fellows.
I saw similar here: Sklep internetowy
Hey there! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine
Optimization? I’m trying to get my blog to rank for some targeted keywords but I’m not seeing
very good gains. If you know of any please share. Many thanks!
You can read similar art here: Najlepszy sklep
It’s very interesting! If you need help, look here: ARA Agency