Членовите на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања преку соопштение до медиумите реагираат на, како што се наведува, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.
– И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, а членови на Синодот на МПЦ-ОА, експертската јавност, политички партии и претставници на државни институции, се доведени во ситуација да даваат свое мислење и да легитимираат измислена и непостоечка тема само врз основа на неточни информации и паушални заклучоци, се наведува во реакцијата.
Се поосчува дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла.
– Ова не е прв пат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени. Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество, стои во реакцијата од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Северна Македонија.
Wow, amazing weblog layout! How lengthy have you ever been blogging for?
you make blogging glance easy. The total glance of your web site is excellent, as neatly as the content material!
You can see similar here sklep internetowy