ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени избори, без промена на Уставот и прифаќање на предлог мерките за економско закрепнување

Предвремени парламентарни избори до пролет, поддршка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во ставот на неприфаќање промени на Уставот и усвојување на предлозите за закрепнување на економијата, се главните барања што ги усвои Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница во Прилеп.

– Првото барање е организирање на предвремени парламентарни избори најдоцна до пролет 2023та година како единствен излез од економската и политичка криза, и поддршка на Централниот Комитет на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во ставот за неприфаќање на промена на Уставот под диктат на Бугарија. Второто барање се итно усвојување на нашите предлози кои се однесуваат за закрепнување на економијата, стандардот и општественото живеење, а чии предлози се наоѓаат во собрание во форма на предложени амандмански решенија за новиот буџет. Овој пакет од над 10 мерки значи интервентна поддршка на економијата, беше нагласено вечерва на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски го наведе пакетот од преку 10 мерки, предлози на партијата кои се во Собранието како предложени амандмански решенија за новиот буџет.

– Бараме одложување на зголемувањето на даноците преку одложување на предвиденото прогресивно оданочување од први јануари 2023, спречување на зголемување на цената на струјата за домаќинствата и бизнисот преку одложување на предвиденото зголемување на ДДВ за струја од 05 на 10 проценти, воведување викенд без ДДВ до крајот на кризната состојба, поддршка на домашните компании преку намалување на акцизата за течни горива, парична помош на ученици од основно и средно образование од семејствата со месечни примања помали од просечната плата, субвенции за зголемување на висината на студентскиот оброк од 120 на 160 денари, реконструкција на студентските домови, набавка на нова медицинска опрема за јавните здравствени установи, зголемување на буџетот за набавка на инсулин, како и зголемена капитација на бодовите за матичните лекари, стоматолози и гинеколози, го наведе Мисајловски пакетот предлог мерки на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето за ставот на партијата за влез на Алијанса на Албанците, Мисајлоски рече дека ако сакаат да го победат ДУИ, подобро е да останат во опозиција.

– Лично сметам дека е лошо кога албанските опозициски партии сметаат дека со влез во владата дека ќе го подигнат својот рејтинг, а забораваат една клучна работа дека на претходните избори се обидуваа да го победат ДУИ, а сега влегуваат „во брак“ со него. Сепак, ова сѐ уште не е реалност. Да почекаме, да видиме. Јас мислам дека добро за нив е да си останат опозиција ако сакаат да го победат ДУИ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, по вечерашната седница на Централниот комитет на оваа партија што се одржа во Прилеп .

 

5 thoughts on “ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени избори, без промена на Уставот и прифаќање на предлог мерките за економско закрепнување

  1. Wow, marvelous blog structure! How lengthy have you ever been running a blog for?
    you made blogging look easy. The full look of your website is magnificent,
    as well as the content material! You can see similar here sklep

  2. Good day! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine Optimization? I’m trying to get my blog to rank
    for some targeted keywords but I’m not seeing very good results.
    If you know of any please share. Cheers! You can read similar blog here:
    Najlepszy sklep

  3. Профессиональный сервисный центр по ремонту бытовой техники с выездом на дом.
    Мы предлагаем: сервисные центры по ремонту техники в москве
    Наши мастера оперативно устранят неисправности вашего устройства в сервисе или с выездом на дом!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *