За ВМРО-ДПМНЕ Предлог-буџетот 2023 е нереален, инфлаторен и расипнички

Историски највисок, нереален, инфлаторен и надуен балон кој е прашање на време кога ќе експлодира. Вака претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет Бојан Стојаноски го квалификуваше Предлог-буџетот за 2023 година што го образложи министерот за финансии Фатмир Бесими.

Стојаноски се јави прв за збор на денешната седница на Комисијата на чиј дневен ред единствена точка е Предлог-буџетот 2023, откако Бесими ги соопшти предвидените проекции.

Сепак, како што рече Стојаноски, ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во расправата за буџетот со цел и желба да помогне.

-Имаме историски највсока инфлација, највисок јавен долг, енормни цени на основните прехранбени производи, троцифрена цена на горивата, струја која поскапува секои шест месеци, најмали плати во регионот, најмал економски раст, сиромаштија, бесперпективност и очај. Ние сме држава чии домаќинства може да си дозволат само еден оброк дневно и сме на второто место според индексот на мизерија во Европра. Власта вели дека се откажала од непродуктивните трошења, но вистината е дека во земјава се случува економска катастрофа. За торшењето, Владата си одобрила расходи од 5,3 милијарди евра што го прави буџетот убедливо најрепресивен, најобемен и најрасипнички во историјата на државата, истакна Стојаноски, детално елаборирајќи ги своите обвинувања.

Тој се осврна и на даноците, но и на планираните капитални инвестиции.

-Владата планира класичен арач и репресија врз даночните обврзници со новата  реформа која ја крие и никој не ја видел. Предвидува да собере 28 милијарди денари повеќе по основ на даноци од претходните 12 месеци. Но, најмногу загрижува лагата, владината амбиција за капиталните инвестиции. Владата планира во инфраструктура догодина да вложи 800 милиони евра. Тоа е невозможно. До овој понеделник, 21 ноември, капиталните расходи се реализирани едвај 52 отсто, посочи Стојаноски.

Пратеникот рече и дека со предложениот буџет се намалени сресдтва за изградба на спортски сали, за изградба и рекоснтрукција на студенстки домови, за ученички, како и за студентнски стандард што е, оцени, општа катастрофа. Се кратат, подвлече, и средства за инфраструктура во здравството.

ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 200 амандмани за Предлог-буџетот за 2023 година.

-Се водевме од приоритетите за вистинско стимулирање на економијата преку капитални инвестиции и помош за граѓаните. Нашите предлози се резултат на континуирана комуникација со стопанските комори, синдикатите, студентите, средношколците, граѓанските организации и затоа имаме предлози во повеќе сфери: даночната политика, образованието, здравството, инфарструктурата, спортот, културата,  земјоделството,…Се надевам дека мнозинството ќе се охрабри и ќе диксутира за доброто на граѓаните и на државата, порача Стојаноски.

Веднаш потоа за збор се јави министерот за финансии Бесими, обидувајќи се, како што рече, да даде детални објаснувања, а почна со непродуктивните трошења.

-Набавка на возила планираме помалку за 126 милиони денари, за мебел помалку 63 милиони денари, за патни и дневни расходи помалку за 78,7 милиони денари, истакна Бесими.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *