Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер од 29 ноември до 1 декември ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страна на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.
Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Северна Македонија.
Во Скопје, како што е најавено, се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.
This was both informative and hilarious! For further reading, check out: LEARN MORE. What do others think?