Ковачевски – Катлер: Навремената размена на информации и соработката меѓу членките на НАТО важна за безбедноста на земјава и регионот

Воената агресија на Русија врз Украина и понатамошното влијание на овие случувања врз глобалната енергетска состојба и врз прехранбената индустрија беше тема на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и  помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Дејвид Катлер.
 
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски на средбата ја истакнал цврстата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и посочил дека Северна Македонија ќе ја продолжи политичката и практичната поддршка со цел да и се помогне на Украина да се одбрани и да ги оствари своите суверени права.
Оваа позиција, како што е соопштено, е поздравена од помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност Катлер, како исклучително важна за Алијансата.
-Премиерот Ковачевски и помошникот генерален секретар Катлер на состанокот разговараа за безбедносната, политичката, економската и енергетската состојба во државата во контекст на војната во Украина, а на состанокот беше посочено дека соработката меѓу земјите членки на НАТО е од исклучителна важност за безбедноста, како на Алијансата, така и на регионот и на Северна Македонија како НАТО-членка. Ковачевски и Катлер на средбата разговараа за справувањето со хибридните закани, што е еден од главните приоритети на НАТО, посочувајќи дека Алијансата мора ефикасно да се бори против ваквите закани, информира прес-службата на Владата.
 
Ковачевски и Катлер на средбата изразиле заемна благодарност за соработката на Северна Македонија со НАТО особено во делот на добивање навремени информации и соработката со македонските безбедносни служби.

 

18 thoughts on “Ковачевски – Катлер: Навремената размена на информации и соработката меѓу членките на НАТО важна за безбедноста на земјава и регионот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *