ГОЛЕМИОТ ПОХОД НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НА ИНДИЈА (2)    

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД  УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Понекогаш до Персискиот двор доаѓаа ретки продукти од таа земја, а примерите на таа чудна фауна, како папагали, за кои Ктесија, кој таму ги видел, известува толку одушевувачки дека тие зборуваат индиски, но исто така би можеле да научат и дуг јазик.

Преку таа клисура веќе беа направени многу трговски зделки со Далечниот Исток. Така, Неарх раскажа дека во Индија видел серијанска свила, т.е. кинеска. Меѓутоа, овие оскудни поврзувања со надоврешниот свет не ја изменија целосната интелектуална изолација на Индија.

Бидејќи Александар Македонски не отиде зад Пенџаб (земја на пет реки) и долината Инд, а и дека никогаш не стапна на светата земја во Индија, долината Ганг, тој не дојде во контакт со доктрината на Буда, која се прокламираше во Ганг скоро двесте години пред тоа. Тој дојде во допир со интелектуалниот и религиозниот живот на Индијците само на планината Брамин и со оние калуѓерски пустиници и грешници, наречени „гимнософисти”.

Тие го пречекаа, особено на југ, со непријателство на религиозен фанатизам, но тој сепак се обиде да воспостави пријателство со нив. Тешко можат да се замислат поголеми контрасти меѓу неспоредливата енергија на Александар Македонски, претставникот на активниот живот, и овие замислени Индијци, претставници на замислен живот во неговата екстремна форма.

Cera и овде дојдоа во допир два сосема различни света. Во почетокот беше под сомнение дали Александар Македонски ќе успее да го трасира патот за да ја шири античката грчка култура во Индија со изградба на градови. Познавачите на индиските особености рекоа:

Александар дојде многу доцна во Индија. Кога тој се појави, индиската нација постоеше со сите свои особености на еден народ, кај која доминираа формите на живот и обичаите, кои беа неспоредливи со стандардите на другиот свет”.

Сепак, без Александар немаше подоцна да се измешаат индиската и античката грчка во една сложена уметност, чии рефлекси можат да се видат и денес низ Централна Азија до Кина и Јапонија.

Во летото на 327 година Александар Македонски тргна од Бактрија. Младата кралица Роксана го придружуваше до Индија и наредната година му роди таму син, кој, меѓутоа, наскоро умре. За да го обезбеди намесништвото во Бактрија, не наименува Персијанец, туку Аминта античкиот Македонец, кому му остави не помалку од 10.000 пешадија и 3.500 коњаници. Неговата сегашна војска беше значително поголема од таа кога го премина Хелеспонт пред седум години и беше целосно различна според составот и организацијата.

Во неа беа вклучени многу илјади Персијци, Бактријанци, Согдијанци, кои не зборуваа на Даха и Сака јазиците, заедно со античките Македонци и античките грчки наемници. Имаше шаренило од нации, а исто така беше придружена од жени и деца и од голем багаж, за што не постојат точни податоци. Во есента на 326 година војската, вклучувајќи ги и индиските единици, броеше околу 120 илјади.

Сите походи на Александар Македонски беа проследувани со највнимателни дипломатски подготовки. Овој поход не беше исклучок. Тој знаеше од испитувањата дека во Индија нема да се сретне со обединет отпор на големото кралство, зашто таму имаше неколку поголеми или помали кнежевства едно до друго, кои главно имаа меѓусебни племенски расправии.

Оваа погодна ситуација тој ја искористи со склучување претходни договори со некои од Рајасите, Таксилите и со некојси Сисикот.

Од Бактра Александар ја поведе својата војска назад преку планината Хинду-Куш, овојпат по пократок пат преку западниот премин, до Александрија во Парапамисада. Во есента на 327 година тргна кон реката Инд преку долината Кабул што ја поврзува Индија со запад.

Подјармувањето на планинскиот предел северно од Кабул (Кофуен) во индиската северозападна гранична провинција, при тогашни услови бараше жестоко војување, бидејќи храбрите и воинствени племиња беа многубројни, а планинските земји со своите особености го спречуваа неговото напредување.

По официјалното отворање на војна со приложување жртва на Атена од Никеа, место што точно не се знае, Александар Македонски ја подели својата војска во две колони, испраќајќи ги Хефестион и Пердика со помалиот дел од војската долж Кабул со задача да изградат мост преку реката Инд додека тој со поголемиот дел на вој-ската го презеде освојувањето на планинскиот предел. Првата борба со Аспасијците покажа дека мора остро да војува со силните антагонисти.

Во една битка Александар лично, како и Птолемеј, синот на Лаг, и Леонат беа ранети. Во друга пригода имаше дуел меѓу Птолемеј и еден индиски принц. Притоа Птолемеј го извади оклопот по што се разви остра борба. По преминувањето на Сват, започна борба со силното племе на Асацените, кои беа многу пострашни во сојуз со Абисар, принцот од Кашмир. Нивната главна тврдина Масага беше освоена по многу тешко војување.

 

Продолжува

 

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *