Европските лидери мора да разберат дека на балканскиот бизнис му е преку глава да биде понижуван, условуван и одложуван. Доста ни е од редицата камиони и од границите на секој чекор (јасните перспективи до 2030, 2040, 2050, 2060). Она што ние како бизнис треба да го направиме е највнимателно да ги прочитаме пораките и да ги прифатиме реалните забелешки, забрзувајќи ги процесите на економски развој, зашто очигледно е дека сами не можеме да се справиме со овие предизвици и тој дел од патот мора да го поминеме под менторство на Европската комисија, порачува претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.
-Вие сте надеж за стотина илјада фирми на Балканот и вашата одговорност е на највисоко можно ниво. Многупати досега направивте преседани на штета на малите земји и нивните надежи. Повлечете вистински потези, одржете го бизнисот на Западен Балкан и отворете перспектива. Немојте да дозволите заклучоците да останат мртва буква на хартија, апелира Азески.
Тој потсетува дека насоките на ЕУ се создавање регионален пазар на Западен Балкан, кој интегрирано треба да се поврзе со ЕУ преку Европската економска заедница (ЕЕЗ), а ние, како држава, потенцира Азески, ги имаме исполнето минималните копенхашки критериуми кои се основа за каков било почеток на преговорите со ЕУ и упорно работиме на нивно почнување.
-Конечно оваа недела Самитот на лидерите на ЕУ со Западен Балкан, таканаречен Берлински процес, се враќа во Берлин (3.11.2022 година). Изгубивме седум години вртејќи по европските метрополи, како да не знаеме дека одлуките се носат во Берлин. Затоа, минатата година на 1.11.2021 година, под наслов „ЕУ И НИЕ – БУГАРИЈА И ТИЕ“, јасно истакнавме барање да се врати Берлинскиот процес во Берлин, затоа што, како што беше тргнал, ќе завршеше во Ла Валета (Малта). А враќањето во Берлин веднаш донесе конкретни резултати. Во најавата на Самитот е потпишување неколку спогодби, кои само продолжуваат да ја потврдуваат потребата од регионална поврзаност. Ќе се одобри патување со лични карти низ сиот регион на Западен Балкан; во рамките на регионот ќе се признаат професионалните квалификации на докторите по медицина и по стоматологија и на архитектите, во формат кој ќе ги отстрани пречките на националното законодавство, а ќе се поедностави и процесот на нострификација на дипломите за високо образование во сите 6 земји на ЗБ. Во најава е и укинување на визниот режим меѓу Косово и Босна и Херцеговина, наведува Азески во пораката.
Претседателот на Комората се осврнува и на интервјуто за МИА од 28 јули 2021 година во кое, како што вели, јасно кажал: „Балканот да се отвори, историјата да се затвори, бизнисот да се обедини“.
-Со тоа укажуваме дека ни е доста од затвореност, корупција, сива економија и од евтина работна сила. Не сакаме повеќе понижувања дека сме неспособни да се интегрираме во меѓународната заедница и дека некој однадвор треба секогаш да ги решава нашите проблеми. Бараме да се отвори Балканот, да се затвори историјата, да се обедини бизнисот и да се истрае во примената, без оглед на отпорот на конзервативните сили. Неопходно е регионот што побргу да се апстрахира од деструктивниот процес на балканизација. Европските лидери кон овој процес треба да пристапат најодговорно и професионално, зашто трпението и наклонетоста на бизнисот кон европските вредности може да се доведе во прашање, подвлекува Азески.
Wow, amazing weblog layout! How lengthy have you been blogging for?
you made blogging glance easy. The overall glance
of your web site is excellent, let alone the content material!
You can see similar here sklep