НА „22. ПЕЛАГОНИСКИ КУЛТУНО-НАУЧНИ СРЕДБИ“ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН И ВИКТОР БИВЕЛ

На 15.  октомври  2022 година во Општината Новаци се одржаа „22. Пелагониските културно-научни средби“, на кои беше доделена наградата “Повелба за животно дело“ на Славе Катин и наградата “Златен клас за македонски вознес“ на Виктор Бивел од Сиднеј, Австралија

Годинава „Пелагониските културно-научни средби“ се одржа по 22 пат Овие значајни манифестации се формирани во 2000 година во Општина Новаци. Носители на активноста се познати писатели и научни творци кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на манифестацијата. Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. Се одржуваат секоја година, вообичаено во првата половина на месец октомври.Ова година беа под покровителство на градоначалникот на Општина Новаци г-д Стевче Стефановски.

Иницијативата за формирање на манифестацијата „Пелагонски културно-научни средби“ при Општина Новаци, Битолско, потекна од група ентузијасти: писатели, научни работници и културни творци, кои имаат желба да придонесат во афирмацијата на литературните, културните, образовните, историските, фолклорните, археолошките, етнолошките и сите други можни вредности.

Манифестацијата „Пелагониските културно-научни средби“ успешно ја продолжува својата работа благодарение на големиот ентузијазам на голем број творци и поддржувачи што се добива од Општина Новаци. Во овие 22 година опстојување на „Пелагониските културно-научни средби“, меѓу другите, треба да се нагласи  безпрекорнара посветеност на претседателите:  д-р  Цане Здравковски, Благоја Таневски, Ѓорѓи Лазаревски и актуелниот претседател  д-р  Весна Калпаковска.

Иницијативата за „Пелагониските културно-научни средби“  е озваничена на 20 септември 2000 година во Матичната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола, кога официјално се конституира нејзиниот иницијативен одбор и кога е избрано раководното тело на Средбите, Извршниот одбор. Извршниот одбор ја организира Првата пелагонска културно-научна средба, која се одржа на 5 и 6 мај 2001 година во мнастирот „Свети Ѓорѓија“ над живописното село Паралово,

Општина Новаци ја продолжува традицијата долга 22 година како домаќин на „Пелагониските културно-научни средби“. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници. Градоначалникот на Oпштина Новаци, Стевче Стевановски  како домаќин свечено го отвори овај настан и на присутните им порача дека општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува Средбите и во иднина.

Во своето излагање, пак, Претседателот на Средбите д-р Весна Калпаковска, меѓу другпто, истакна дека овие средби имаат традиција во Oпштина Новаци веќе 22 година и оваа традиција ќе се продолжи и понатаму. Особено Средбите се значајни од 3 аспекти и тоа: истражувањата во областа на културата, историјата и книжевното творештво, и презентација на научни трудови.

Потоа, претседателот д-р Весна Калпаковска изврши промоција на Зборникот бр. 17 од 2021 година во кој се застамепи сите научни трудови од предходната година.Една од вестите за „Пелагониските културно-научни средби“ е тоа што од оваа година проработија веб страницата и Феијсбук страницта на средбите, и дека неколку книги од неколку автори се поставени на порталот за слободни книги. Исто така, порталот „Политекон“ од Сиднеј, Австралија најави соработла и со други портали, така да се трасира добар пат за средбите во иднина.

Посебно место за одбележувана е  што „Пелагониските културно-научни средби“ беа збогатени со видео презенација на “Стале Попов – чуварот на македонскиот збор”. Тоа преддизвика голем интерес кај сите учесници, присутни и други вљубеници во македонското раскажување, а во исто време и незадоволство што  државата  малку се грижи за ќуќата во која е роден големи   македонски раскажувач и чувар на македонскиот јазик.

Посебно внимание беше посветена на доделуваљњто на награддите на публицистот, новинарот и афирматорот на македонското иселеништво Славе Катин и публицистот од Сиденеј, Виктор Бивел. Имено, Овогодишен добитник на престижната награда на „Пелагониските културно-научни средби“ “Повелба за животно дело – 2022“ е г-н Славе Николовски Катин (Славе Катин), а наградата  „Златен клас за македонски вознес – 2022“ му беше доделена на познатиот австралиски Македонец од Сиднеј, Австралија г-н Виктор Бивел.

За делата и постигнувањат, резултатаи на полето на литературата, културата, науката образовните, историјата, иселеништвото, фолклорот и други областо, зборуваше Претседателот на „Пелагониските културно-научни средби“  д-р Весна Калпаковска,,

Исто така, Средбите беа збогатени со промоција на Монографија за познатиот битолќанец Силјан Мицевски, чиј промотори бе академик Владо Камбовски, проф. Д-р Вера Стојчевска – Антич и авторт на монографијата  Славе Катин. Исто така беше Промоција на збирка раскази „Јана“, од Ѓорѓи Лазаревски, чиј промотор беше проф. д-р Златко Жоглев.

По својата содржина и значење, „Пелагониските културно-научни средби“ одамна ги надминале локалните рамки. Овие средби со своите прилози ја збогатуваат и осветлуваат содржината на овој крај како културно-историска ризница. Во содржината на  овие средби се вградиле и се вградуваат многу познати имиња од  Република Македонија што претставува едно големо богатство за културната историја не само на Општина Новаци, но и на цела Република Македонија.

Градењето на мостови на пријателство и соработка е макотрпна, но благородна работа. Мостовите секогаш го поврзувале она што е разделено. Затоа, сите сложно, без разлика на верска, национална или каква и да било друга припадност, на „Пелагонските културно-научни средби“ си подаваат раце едни на други и  градат бескрајни пруги, за да се премостат сите реки и мориња, да се направат мостови, за да врват по нив сите добри луѓе.

д-р Весна Калпаковска

SHARE